Бурманскиот јазик (မြန်မာဘာသာ, mjəmà bàðà) или, според по официјалното ново име мјанмарски јазикУстав на Република Унија Мјанмар (2008), Став XV, 450 е најголемиот и службен јазик во Мјанмар (Бурма). Тој е мајчин јазик на Бамарите и ним сродните етнички групи, но исто така и на некои други народности како што се Монците. Како мајчин јазик, бурманскиот го говорат околу 32 милиони луѓе, додека како втор јазик го практикуваат околу 10 милиони луѓе.
Бурманскиот е тонски и изохрон јазик со тонски акцент Јазикот е исто така аналитички, додека збороредот во реченицата е од обликот подмет-предмет-глагол. Јазикот користи бурманско писмо, кое потекнува од старомонскиот јазик.
Наводи
Поврзано Бамари Бурманско писмо Мјанмар
Надворешни врски
Основен бурмански речник Бурмански јазик - Омниглот Ресурси за бурманскиот јазик myWin2.2
*