Десетдневната Војна или (на словенечки: Desetdnevna vojna) или Словенската Војна за Независност (на словенечки: Slovenska osamosvojitvena vojna) беше воен конфликт меѓу Словенската територијална одбрана (Slovene: Teritorialna obramba Republike Slovenije) и Југословенската Народна Армија (ЈНА) во 1991 по прогласувањето на Словенската независност.

На 25 јуни 1991. година, словенечкиот и хрватскиот парламент досеноа одлука за прогласување на независност. Меѓутоа, два дена подоцна, единиците на Југословенската народна армија ги напуштија касарните и тргнале на граничните премини на тогашната СФРЈ кои се наоѓале помеѓу останатата територија и во Словенија. Намерата им беше да не се дозволи промена на натписот на државата. Почнала војна меѓу припадниците на ЈНА и силите на словенечката територијална одбрана. Војната траеше десет дена. Сепак, кон почетокот на јули Претседателството на СФРЈ донесе одлука за повлекување на припадниците на армијата од Словенија. Дел од армијата се повлекол во Хрватска.

Борба мини|300п|Мапа на операциите на ЈНА во текот на Војната во Словенија Словенија неочекувано прогласила независност на 25 јуни 1991, иако претходно објавила дека ќе прогласи независност на 26 јуни. Оваа разлика во датумот на прогласувањето на независноста беше пресуден елемент за словеначкиот план за да се стекне брза предност во очекиваната борба. Словеначката влада очекуваше дека ЈНА ќе реагира еден ден по прогласувањето на независноста или брзо после тоа. Стекнувајќи предност од 24 сати, Словенците ги изненадиле југословенските власти, кои го одредиле 26 јуни како датум кога ЈНА ќе се повлече од Словенија.Balkan Battlegrounds, p. 58 (Central Intelligence Agency, 2002

Иако ЈНА беше против независноста на Словенија, беше поделена околу тоа што да направи. Началникот на генералштабот Благоје Аџиќ заговараше операција од големи размери за да се елиминира словенското раководство. Неговиот главен, министерот за одбрана Вељко Кадијевиќ, инсистираше на поблаг пристап - демонстрација на сила која би ја убедило словенската влада да ја повлече одлуката за независност. После расправата, победи мислењето на Кадијевиќ.Allcock, John B. et al. Conflict in the Former Yugoslavia, p. 274. ABC-CLIO, Denver, 1998

Не е јасно колку цивилни членови на југословенската влада беа вмешани во донесувањето на одлуката за да се употреби сила во Словенија. Наводно Анте Марковиќ, претседателот на сојузната влада, изјавил дека сојузната влада не била информиранна за акциите на ЈНА.Mesić, Stjepan. "The Road to War", in The War in Croatia and Bosnia-Herzegovina, 1991–1995, ed. Branka Magaš and Ivo Žanić. Frank Cass, London, 2001 26 јуни Утрото на 26 јуни, единиците од 13. корпус на ЈНА ги напуштиле касарните во Риека и тргнале кон италијанско-словенската граница. Овој потег предизвикал јаки реакции од локалните Словенци, кои организираа спонтани барикади и демонстрации против акцијата на ЈНА. Сепак, немало борби.

До овој момент словенската влада веќе имала свој план за да презеде контрола над граничните премини и меѓународниот аеродром Брник. Војниците кои ги чувале граничните премини биле Словенци, така да словенското запоседнување се сведило на промена на униформите и ознаките, без никакви борби. Тоа исто така имало и важен практичен ефект. Граничните премини биле главни извори на буџетски приходи. Покрај тоа, со преземање на контрола над границата, Словенците успеале да воспостават позиции против очекуваниот напад на ЈНА. Тоа значело дека ЈНА ќе мора да ги почне првите воени дејствија, што им овозможило на Словенците да ја прикажат како агресор.

Извори

Bibliografi

Allcock, John B. et al. Conflict in the Former Yugoslavia. ABC-CLIO, Denver, 1998 Gow, James & Carmichael, Cathie. Slovenia and the Slovenes. C. Hurst, London, 1999 Gow, James. The Serbian Project and its Adversaries. C. Hurst, London, 2003 The War in Croatia and Bosnia-Herzegovina, 1991–1995, ed. Branka Magaš and Ivo Žanić. Frank Cass, London, 2001 Svajncer, Brigadier Janez J. "War for Slovenia 1991" , Slovenska vojska, May 2001.

Категорија:Војни на Словенија Категорија:Војни на Балканот Категорија:Словенија во 1991 година Категорија:Југославија во 1991 година Категорија:Судири во 1991 година