Засавски статистички регион (Словенечки: Zasavska statistična regija) — еден од 12-те статистички региони на Словенија. Овој статистички регион е најмалиот регион во земјата и по површина и по население.
На почетокот на 2010 година речиси 41.700 луѓе живееле на 264 км2, што значи дека заедно со Среднословенечкиот статистички регион е најгусто населен статистички регион во земјата. Природните и географските одлики на овој регион создаваат услови за индустриски активности и повеќе од една третина од бруто-додадената вредност сè уште се генерира од преработувачката, рударската и друга индустрија. Во 2013 година, регионот повторно забележа највисока негативна годишна стапка на раст на населението (−11,9‰), што главно беше резултат на миграцијата во другите статистички региони. Меѓу сите статистички региони во 2013 година, овој регион имаше најголема негативна нето миграција меѓу регионите; имено, −9,5. Овој регион се издвојува и според возраста на мајките при породување. Во истата година, бројот на невработени лица дополнително се зголеми. Регистрираната стапка на невработеност е меѓу највисоките во земјата (16,6%). Во споредба со другите региони, тоа е за 7 процентни поени повеќе отколку во регионот со најниска регистрирана стапка на невработеност, Горењскиот регион, и речиси 1 процентен поен помалку отколку во регионот со највисока стапка на невработеност, Помурскиот регион. Во 2013 година, 60% од луѓето во регионот работеле во нивниот регион на живеење, а 40% работеле во друг регион.OECD. 2012. OECD Environmental Performance Reviews: Slovenia 2012. OECD Publishing, p. 324.Lapuh, Lucija. 2016. Measuring the Impact of the Recession on Slovenian Statistical Regions and their Ability to Recover. Acta geographica Slovenica 56(2): 247–256, pp. 252ff.
Економија Структура на вработеност: 51,2% услуги, 46,9% индустрија, 1,9% земјоделство.
Туризам Привлекува многу малку туристи со само 0,1% од вкупниот број туристи во Словенија.
Список на општини Засавскиот статистички регион има четири општини:
Општина Грб Површина Население (2020) Загорје на Сава 70px 147,10 км2 16.439 Литија 221,00 км2 15.499 Трбовље 57,80 км2 18.248 Храстник 58,60 км2 9.113
Наводи
Категорија:Статистички региони во Словенија