десно|мини|Печат на Островското благотворително братство „Борис Дрангов“. Сојузот на македонските емигрантски организации (СМЕО) — една од најголемите раководни организации на македонската емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни. Неговите друштва се познати како македонски културно-просветни и добротворни братство (МКПББ).

Основна дејност на организацијата во Бугарија е културна, просветна и добротворна активност, а пред меѓународната заедница и Лигата на народите унапредување на Македонското прашање и непочитувањето на човековите права на Македонците во Кралството Југославија и Кралството Грција.

Организацијата се раководи од Националниот комитет и годишен општ конгрес. Печатени органи на СМЕО се весниците "Независна Македонија", "Македонија" и "La Macédoine". Финансиска поддршка добива од Внатрешната македонска револуционерна организација и од членарина, политичка - од Македонската парламентарна група и одделни пратеници, а на меѓународно ниво е поддржана од странски политичари, општественици, публицисти и научници Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр. 264..

Во еден момент бројот на друштвата изнесувал 210 во цела Бугарија .

По Деветосептемвријскиот државен удар од 1944 година СМКПББ бил забранет и растурен Електронна енциклопедия „История на България“, ИК Труд, Сирма, 2003 (статия за Македонски дружества и братства).

Книги издадени од Сојузот на македонските емигрантски организации (на бугарски): "Гарванската Голгота (2 март 1923 г.)" , Софиjа, 1924 г. "Мемоар от Костурско-Леринско-Кайлярската емиграция в София" , Софиjа, 1913 г. "Македонците в културно-политическия живот на България" , Софиjа, 1918 г. "MEMOIR on the Situation of the Bulgarian Minority in Greek and Serbian Macedonia. Submitted to the Assembly of the International Union of Associations for the League of Nations" , Софиjа, 1925 г. "Положението в Македония" , Софиjа, 1913 г.

Поврзано Список на македонските добротворни братство во Бугарија Извори

Категорија:Македонски организации Категорија:Историја на македонскиот народ