Епилепсија (доаѓа од старогрчкиот збор epilepsia, што значи "напад") или падавица е често хронично невролошко пореметување кое се одликува со напади. Тие напади се краткотрајни знаци и/или сипмтоми на абнормална, претерана или хиперсинхрона невронска активност во мозокот. Околу 50 милиони луѓе ширум светот страдаат од епилепсија и скоро секој втор од три нови случаи се откриваат во развиените земји. Како што се навлегува се подлабоко во староста, така епилепсијата станува се почеста болест. Голем дел од новите случаи се јавуваат најчесто кај малите деца и кај постарите. Како последица на операција на мозокот, нападите на епилепсија може да се појават и кај луѓето кои се на интензивна нега.
Епилепсијата може да се контролира со таблети, но не и целосно да се излечи. Сепак, преку 30% од луѓето со епилепсија не можат да ги контролираат нападите дури и со помош на најјаките таблети. При најлошите случаи, може да се примени и операција. Не сите синдроми на епилепсија траат цел живот и некои видови на напади се карактеристични само за одредени фази од детството. Епилепсијата не треба да се смета само како единечно пореметување туку како синдромско со многу различни симптоми, но сите синдроми се одликуваат со епизодични абнормални електрични активности во мозокот.
Класификација
Епилепсијата е поделена на 5 групи: 1. според првичната причина (или етиологија) 2. според видливите манифестации на нападите, познато како семиологија 3. според местото во мозокот од каде потектуваат нападите 4. како дел од дискретни медицински синдроми кои може да се идентификуваат 5. според настаните кои ги предизвикуваат нападите, како читање или пак некоја повреда
Во 1981 г., Меѓународната лига против епилепсија (МЛПЕ) предложила табела за класифицирање на поединечни напади кои се појавуваат се почесто. Таквиот вид на класификација е направено врз основа на испитување (клиничко и електроенцефалографско - ЕЕГ), а не врз основа на основната патофизиологија или анатомија. Во 1989 г., МЛПЕ предложила табела за класификација на епилепсијата според епилептичките синдроми. Тоа може да се опише и како график со две оски – на едната се претставува причината за појава на епилепсијата а на другата степенот на заразеност во мозокот. Од 1997 г., МЛПЕ работи на нова табела која има пет оски: иктален феномен, видови на напади, синдром, етиологија и нарушување.
Видови напади мини|десно|Видео на напад Најпрво, видовите на напади се класифицираат според тоа дали изворот на нападот во мозокот е локализиран т.е. познат (делумен или фокален напад) или пренесен (генерализиран). Делумните напади се поделени според тоа која свест е заразена. Ако не е заразена, тогаш тоа претставува едноставен делумен напад; во спротивно, се работи за сложен делумен напад (психомоторен). Овде спаѓаат: расеаност, миоклонични, клонични, тонични, тоник-клонични и атонични напади.
Децата може да доживеат симптоми за кои многу често се мисли дека се епилептични напади, но не се предизвикани од епилепсија. Тоа се: невнимателно љубопитство доброќудно тресење (кај деца помали од 2 години, особено кога се уморни или возбудени) самозадоволување (климање, лулање, трескање со главата) конверзивно нарушување (мавање или тресење на главата, што најчесто претставува знак на сериозен стрес како физичка злоупотреба)
Конверзивното нарушување се разликува од епилепсијата бидејќи нападите не се појавуваат при спиење и не вклучуваат инконтиненција (невоздржаност) или самоповредување.
Синдроми на епилепсија
Како што постојат многу видови на напади, така постојат и многу видови на синдроми. Класификацијата се прави врз основа на повеќе информации за личноста и нападите а не само за видот на нападите, како што се клиничките состави делови на нападот (пр. однесување за време на нападот) и можните причинители.
Постојат четири основни групи на епилептички синдроми, кои можат да се поделат на: доброќудна Роландична епилепсија, епилепсија на предниот дел од мозокот, детски спазам, миоклонична епилесија кај малолетници, епилепсија на отсутност кај малолетници, епилепсија – топла вода, Ленокс-Гасто синдром, Ландау-Клефнер синдром, митохондриско нарушување, прогресивна миоклонична епилепсија, рефлексна епилепсија, Расмусен синдром, епилепсија на слепоочниот дел од мозокот, лимбичка епилепсија, статус епилептикус, абдоминална епилепсија, масивна билатерална миоклонија, менструална епилепсија, Џексоново нарушување на нападите, Лафора болест, фотосензитивна епилепсија итн.
Секој вид на епилепсија се манифестира преку своја уникатна комбинација од неколку видови на напади, одредена година на започнување на нападите, електроенцефалографски резултати, лечење и прогноза. Најопштоприфатената класификација на епилепсија ги дели синдромите според локацијата или според распределбата на нападите и според причината. Синдромите се поделени на епилепсии со позната локација (локализирана епилепсија), генерализирани епилепсии или епилепсии со непозната локација.
Локализираната епилепсија, која понекогаш се нарекува делумна или фокална епилепсија, се развива од епилептичен центар, мал дел од мозокот кој има улога на раздразнувач кој го носи епилептичниот одговор. За разлика од оваа, генерализираната епилепсија се развива преку многу независни точки или епилептични кругови кои го вклучуваат целиот мозок. Епилепсиите со непозната локација пак, не се знае дали се појавуваат во дел од мозокот или во повеќе различни делови.
Понатаму, синдромите на епилепсија се делат и според можните причинители: идиопатски, симптоматски и криптогени. Општо земено, идиопатската епилепсија се претпоставува дека потекнува од генетски аномалии кои водат до промена на основната невронска контрола. Симптоматската епилепсија пак потекнува од последиците на една епилептична повреда, независно дали тоа е фокална како тумор или дефект во метаболизмот кој предизвикува голема повреда на мозокот. Криптогената епилепсија настанува од повреда која е тешко или невозможно да се открие за време на испитувањата.
Некои епилептични синдроми е тешко да се вклопат во оваа група па се сместуваат во категоријата на епилепсија со непозната локација/етиологија. Луѓето со напади кои се појавуваат само после одредено избрзано дејство ("предизвикани напади"), боледуваат од "епилепсија" која спаѓа во оваа категорија. Фебрилните грчеви се пример за напади поврзани со одредени избрзани дејствија. Уште позбунувачко претставува тоа што одредени симптоми, како што е Вест синдромот, кој се појавува заедно со напади како детскиот спазам, може да се класифицира како идиопатска, синдромска или криптогена епилепсија во зависност од причината и може да потекнува и од фокални и од генерализирани епилептички рани.
Подолу следат некои почести синдроми на напади: Автосомна епилепсија на предниот дел од мозокот (со напади во текот на ноќта) е идиопатска локализирана епилепсија и претставува наследно епилептично нарушување што предизвикува напади при спиење. Нападите најчесто се појавуваат во детството. Истите се појавуваат во предниот дел од мозокот и се состојат од сложени моторни движења, како стегање со рацете, дигање/спуштање на рака и виткање на коленото. Честа е појавата и на викање, офкање или плачење. Овој вид на епилепсија, многу често се дијагностицира како вид на кошмар. Се смета дека се појавува како разултат на некоја генетска болест. Тие гени ги кодираат никотинските ацетилоклони рецептори.
Доброќудна епилепсија на центрослепоочната лобула или Роландична епилепсија која се појавува во детството е идиопатска локализирана епилепсија и се појавува кај деца од 3 до 13 годишна возраст, а го достигнува својот врв пред да започне пубертетскиот период. Покрај нарушувањето на нападите, овие пациенти се нормални. Овој синдром се состои од едноставни делумни напади во кои се вклучени мускулите на лицето и често предизвикуваат лигавење. Иако повеќето од нападите се краткотрајни, тие понекогаш може да траат подолго и да се генерализираат. Нападите најчесто се појавуваат во текот на ноќта, при спиење. ЕЕГ може да покаже ампилтуди за напади кои се појавуваат над центрослепоочната лобула и тоа при спиење или дремење. Нападите престануваат пред да започне пубертетот. Понекогаш, пациентот мора да конзумира антиконвулзивни лекови за да се подобри состојбата на болеста.
Доброќудната оксипатилна епилепсија која се појавува во текот на детството е идиопатска локализирана епилепсија и се состои од група на синдроми кои постојано се развиваат. Се состојат од две подгрупи, рана подгрупа со напади карактеристични за деца помеѓу 3 и 5 годишна возраст и подоцнежна која се појавува кај деца помеѓу 7 и 10 години. Нападите се одликуваат со видливи симптоми како скотома или фортификации (светли линии или точки) или слепило (нарушување на видот). Честа е појавата на грчеви во една половина од телото – полугрчеви, присилна девијација или вртење со главата. Кај помладите пациенти најчесто се појавуваат симптоми кои се слични на мигрената, кои се пропратени со повраќање или вртоглавица. ЕЕГ покажува амплитуди на оксипеталните делови (тилот). ЕЕГ и генетската структура наведуваат на автосомно доминантно пренесување кое најдобро го претставил Рубен Кузњецки. Во последно време, се појави група на епилепсии наречени Панајотопулос синдром кој има слични одлики со доброќудната оксипатална епилепсија, но со различни ЕЕГ резултати.
Менструалната епилепсија е вид на епилепсија во која нападите на епилепсија се појавуваат во одредени фази од менструалниот циклус.
Детската отсутна епилепсија е идиопатска, генерализирана епилепсија која се појавува кај деца помеѓу 4 и 12 годишна возраст, а својот врв, болеста го достигнува некаде помеѓу 5тата и 6тата година. Пациентите имаат постојани напади на отсутност, кратки епизоди на зјапање без никаква реакција, понекогаш со мали моторни движења како трепкање со очите или дискретно џвакање. ЕЕГ резултатите во овој вид епилепсија покажуваат генерализирани амплитуди и бранови празнења од 3 Hz. Некои напади целат кон развивање на тоник-клонични напади.
Драве синдромот или првично познат како сериозна миоклона детска епилепсија е нарушување на нервниот систем коe започнува во детството и се одликува со сериозна епилепсија која во целост, не реагира на лекувањето. Манифестациите на овој синдром најдобро ги претставила Шарлот Драве, француски психијатар и епилептологист (роденa на 14 јули 1936 г.). Драве го открилa овој синдром додека работела во центарот Сен Пол, при Универзитетот во Марсеј. Таму, еден од нејзините надгледувачи бил Анри Гасто, според кој е наречен Ленокс-Гасто синдромот. Таа ја појаснила оваа состојба во 1978 година. Распространетоста на ова ретко нарушување е 1:20.000 до 1:40.000 при раѓање, но може и да зачести. Се вели дека се појавува со иста зачестеност кај двата пола и не познава никакви географски или етнички граници.
Драве синдромот различно се манифестира кај различни луѓе. Нападите започнуваат уште во првата година од животот и личноста се развива нормално пред нападите. Во повеќето случаи, првите напади се пропратени со висока температура и се генерализирани тоник-клонични или унилатерални грчеви. Ваквите напади многу често траат подолго време и можат да доведат до статус епилептикус – медицински итен случај. Со тек на време, нападите сè повеќе зачестуваат и се појавуваат без висока температура. Се појавуваат и други видови на напади, кои многу често се миоклони, како напади на нетипична отсутност или делумно-сложени напади.
Други придружни состојби кои се среќаваат кај голем број на пациенти со Драве синдромот се нарушување на спојувањето на сетилниот систем и некои видови на аутизам, ортопедски или нарушување при движење, чести или хронични респираторни и ушни инфекции, нарушување на процесот на спиење и проблеми со растот и исхраната.