Сергеј Собјанин (руски: Серге́й Семёнович Собя́нин, роден на ) — руски политичар и моментален градоначалник на Москва од 21 октомври 2010 година. На таа позиција го наследил на долгогодишниот градоначалник Јуриј Лушков. Градскиот совет во кој доминира владејачката партија Единствена Русија, го потврдил изборот на Собјанин со 32 гласа за наспроти 2 против на местото на Јуриј Лужков кој беше градоначалник 18 години, но доби отказ од претседателот Дмитриј Медведев.
Тој бил вицепремиер на Русија и поранешен шеф на администрацијата на претседателот на Русија во периодот од 2005 до 2010 година. Собјанин се смета за многу близок соработник на Владимир Богданов, генералниот директор на Сургутнефтегаз.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Градоначалници на Москва Категорија:Руски политичари Категорија:Вицепремиери на Русија Категорија:Политичари од Единствена Русија