Панче Кралев (роден на во ) — македонски економист и Министер за образование и наука во периодот од 28 јули 2011 до 28 мај 2013 година.

Животопис

Кралев завршил магистерски студии за економија, финансии и менаџмант, на Универзитетот во Бристол и на Универзитетот во Шефилд, а поседува и меѓународен сертификат за секундарно образование од Жан Д Арк Колеџ, Холандија, како и завршени две обуки на Универзитетот во Харвард.

Кралев работел во Македонската амбасада во Холандија како советник за економски и трговски прашања. Две години работел и во Центарот за истражување на ЈИЕ во Солун, Грција, како Асистент за истражување и тутор на студентите од Сити Колеџот. Во периодот од 2011 до 2013 година бил Министер за образование и наука, по кое си поднел оставка од лични причини. Тој останал во кабинетот на премиерот Никола Груевски како советник од прашања за образованието.

Во 2015 година Кралев станал Претседател на Одбор на директори на Македонски Телекомnetpress.com.mk.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски економисти Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Луѓе од Штип