Јангон () или познат по старото име Рангун што во превод значи „крај на борбата“ — град во Мјанмар, главен град на округот Јангон и поранешен главен град на државата. Иако воената хунта на Мјанмар официјално го премстила главниот град во Непјидо во март 2006, Јангон со своите четири милиони е најголем град во државата и најголем трговски центар.

Инфраструктурата на Јангон е неразвиена во споредба со останатите поголеми градови во Југоисточна Азија. Јангон има голем број колонијални згради. Големи станбени и трговски објекти во градот биле изградени или реновирани, особено низ центарот, сепак околината на градот е недоволно развиена.

Потекло на поимот Јангон () е збор составен од два збора yan () и koun (), што во превод значат „непријатели“ и „снемува“. Името на градот често се преведува како крај на борбата. Рангун потекнува од британскиот изговор на името.

Збратимени градови Куенминг, Јинан, Кина (2008) Катманду, Непал Нанинг, Гуангсји, Кина (2009) Јангџоу, Џангсу, Кина (1997) - Фучу, Јапонија

Галерија

Наводи

Поврзано Мјанмар Јангон (округ) Градови во Мјанмар

Надворешни врски

Водич за патување за Јангон на Викитравел Сателитска карта Градски совет на Јангон BBC за Јангон

Категорија:Градови во Мјанмар Категорија:Населени места основани во 11 век