Бистарац е езеро во Федерацијата БиХ, во Босна и Херцеговина. Се наоѓа во Тузланскиот кантон, околу два километри од Лукавац. Бастрац е езеро со природно пречистување така што водата во езерото е чиста.

Езерото е богато со риба, а цели години се порибува со разни видови на риби како што се: шаран, сом, савска деверика, плотица. Освен овие риби, во езерото се наоѓаат и лињак, црвенперка, амур, толстолобик, смуч, клен, коштро и пастрмка, која подобро се прилагодила на водата во езерото. На езерото во текот на цела година се организираат спортско риболовски натпревари.

Надворешни врски Статија за езерото на www.bistrobih.ba Слика од езерото

Категорија:Езера во Босна и Херцеговина