Грбот на Казашката Советска Социјалистичка Република е усвоен на 26 март 1937, од страна на владата на тогашната Казашка ССР.
Опис Грбот се заснова на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјоделството, два венци од пченица кој се наоѓаат од страните. Во средниата на грбот се наоѓа срп и чекан и црвена ѕвезда, симболи на комунизмот, а во позадината има изгрејсонце. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР „Пролетери од сите земји, обединетете се!“ напишан на казашки (Барлық елдердің пролетарлары, бірігіңдер!) и руски јазик. На дното на грбот се наоѓа казашка и руска скратеница за „Казашка Советска Социјалистичка Република“.
Грбот бил на сила сè до 26 декември 1991, кога бил заменет со денешниот грб на Казахстан.
Поврзано Грб на Казахстан Знаме на Казашката ССР
Казашка ССР Категорија:Национални симболи на Казахстан Категорија:Казашка ССР