Луис роден како Љубиша Стојановиќ (српски: Љубиша Стојановић; Лесковац, Србија, - автопат Бачка Топола - Фекетиќ, ) бил познат српски пејач, познат по својот специфичен имиџ и музички стил. Животопис

Љубиша Стојановиќ е роден во Лесковац на 25 јуни 1952 година. Со музика почнал да се занимава од 1970 година. Прекарот – Луис го добил кога имал 9 години, зашто успешно ги изведувал песните на Луис Армстронг. Во Ниш завршил средно училиште, а факултет за музички уметности во Белград.

Тој бил меѓу првите кој комбинирал џез со српски фолклор. Во 1980 година го снимил првиот албум, кој успешно се продавал во Србија и Југославија. Во 1984 година го снимил албумот “Дуда“, кој достигнал платинест тираж. Бил творец на многубројни хитови како – “Дуњо моја“, “Обриши сузе мала моја“, “Цигански сан“, “Опа опа“. Заедно со српскиот бенд “Фламенгоси“, победил на Беовизија во 2006 година со песната “Луди летни плес“. Починал на 31 јули 2011 година во сообраќакна несреќа. Зад себе оставил сопруга и шест деца.РТРС: Погинуо пјевач Љубиша Стојановић Луис, 31 јули 2011.

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Луиз Музички факултет Белград

Наводи

Категорија:Родени во 1952 година Категорија:Починати во 2011 година Категорија:Луѓе од Лесковац Категорија:Српски поп-фолк пејачи Категорија:Срби од 20 век Категорија:Срби од 21 век