Ика (Ica) е регион во Перу. Регионот се граничи со Лима на север, со Уанкавелика и Ајакучо на исток, со Арекипа на југ и на запад излегува на Тихиот Океан. Главен град на регионот е Ика. Регионот е познат по Вариската култура, Насканската култура и Пакаската култура.

Административна поделба

Регионот е поделен на пет покраини и 43 окрузи. Во прилог следуват покраините со главните градови:

Чинча (Чинча Алта) Ика (Ика) Наска (Наска) Палпа (Палпа) Писко (Писко)

Поврзано Административна поделба на Перу Ика Насканска култура

Категорија:Региони во Перу