Александар Хлопонин (руски: Александр Геннадьевич Хлопонин, роден на во Коломбо, Шри Ланка) е руски политичар. Тој е поранешен гувернер на Краснојарскиот крај во Сибир. Од 19 јануари 2010 година станал Прв претставник на премиерот на Русија за Севернокавкаскиот федерален округ.
Хлопонин има завршено на финансовата академија во Москва, и бил претседател на одборот на директори на никлената компанија Нориљск. Во 2001 година станал гувернер на Тајмирскиот автонмен округ во северниот дел на Сибир, и на таа позиција се задржал до 2002 година. Тој победил на изборите за гувернер за Краснојарскиот крај, освојувајќи победа со само 48% од гласовите, дури во вториот круг.
Во 2002 година бил прогласен за личност на годината од страна на еден руски деловен неделник. Рускиот претседател Дмитриј Медведев на 19 јануари 2010 година одобрил отцепување на Севернокавкаски федерален округ од Јужнокавкаски федерален округ, по кое Александар Хлопонин бил поставен за полномошен претставник на претседателот на Русија.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Вицепремиери на Русија Категорија:Руски министри Категорија:Руски политичари Категорија:Краснојарски крај Категорија:Руски стопанственици Категорија:Политичари од Единствена Русија Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен