Руското Царство или Московското Царство (руски: Царство Русское или Московское царство) — името на руската држава од 16 јануари 1547 година до 22 октомври 1721 година. Царството било основено кога Иван Грозни ја презел титулата цар а истата била преименувана кога Петар Велики ја исфрлил оваа титула и ја зел титулата император, од кој период и започнува руската држава да се нарекува Руска Империја. Главен град на царството до 1712 година бил Москва.
Владеење на Иван Грозни
Развојот на царскиот автократски апсолутизам, својот врв го достигнал за време на владеењето на Иван IV (1547-1584), познат и како Иван Грозни. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година. Тој ја зајакнал позицијата на монархот на највисоко ниво. Исто така, во негово време биле направени едни од најголемите реформи во историјата на Русија, при што биле воведени нови закони во многу области, познати под името Судебник, со кои се бил основан првиот руски претставнички парламент кој се викал Земски Собор, а свештениците добиле поголеми права во управувањето. лево|мини|Освојувањето на Казан од страна на Иван Грозни на 2 октомври 1552 година Иако, тој војувал во долгата Ливонска војна за контрола на брегот на Балтичкото Море, во која дожиевал неуспех,, Иван Грозни успеал да ги зазеде Казанското ханство, Астраханското ханство и Сибирското ханство.Janet Martin, Medieval Russia, 980–1584, Cambridge University Press, 1995, стр. 395, ISBN 052136832 Овие освојувања ја прекинале постојаната миграција на азиските народи во Европа, која се одвивала по течението на реките Волга и Урал. Преку овие освојувања, Русија ја зазела земјата на Татарите и на меѓународно ниво се појавила како мултиетничко и мултиконфесионално општество. Исто така, во овој период царот дал наредба да бидат ослободени Козаците, задолжувајќи ги да му служат.
Во подоцнежниот период од неговото владеење, Иван ја создал т.н. „Опричнина“ (руска територија во која царот имал директно управување). Наследниците на Иван Грозни извршиле голем број на крвави братоубиствени нереди во Опричнината, а главна кулминација на нередите бил Новгородскиот масакар во 1570 година. Овие настани биле проследени со воени загуби, епидемии и довеле до слабеење на царството. Тоа им овозможило на Татарите да извршат дополнителен притисок врз геополитичката состојба на РусијаSkrynnikov R. "Ivan Grozny", M, 2001, стр. 142–173. Во 1572 година, царот се откажал од „Опричнината“.Robert I. Frost, The Northern Wars: 1558–1721 (Longman, 2000) стр. 26–27Moscow – Historical background
Време на проблеми
По смртта на Иван Грозни, на престолот го наследил неговиот син Фјодор I. Во текот на неговото владеење следувал период на граѓански војни и „странска“ интервенција, позната како „Време на проблемите“ (1606–1613). Екстремно студените лета од 1601 до 1603 година,Borisenkov E, Pasetski V. "The thousand-year annals of the extreme meteorological phenomena", стр. 190, ISBN 5-244-00212-0 довеле до голем глад и зголемување на социјалната неорганизираност. Владеењето на Борис Годунов било проследено со големи бунтови и востанија, но сепак тој извршил големи реформи во Русија, меѓу кои најзначајни се социјалните и образовните. Тој ги познавал најдобрите европски учители и честопати го доведувал во царскиот двор за да учителствуваат. Поради победата против Шведска, уште од времето како регент, тој настојувал да обезбеди излез на Русија на Балтичкото Море. За таа цел, тој морал да ја освои Ливонија. Во 1600 година, Борис Годунов го поддржал создавањето на Полско-литванската Државна Заедница што дошло до голема побуна и немири против него. Како водач на немирите се смета дека бил последниот син на Иван Грозни, Димитриј Иванович, којшто се смета и дека го организирал убиството на царот на 13 април 1605 во Москва. На престолот, Борис Годунов бил наследен од неговиот син Фјодор II, којшто владеел само неколку месеци, бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко. Претходно, од 1610 до 1612 година, војската на Полско-литванската Државна Заедница ја окупирале Москва. Тие не успеале да го заземат градот, но градот бил запален.George Vernadsky, "A History of Russia", Volume 5, Yale University Press, (1969), Russian translationMikolaj Marchocki "Historia Wojny Moskiewskiej", ch. "Slaughter in the capital", Russian translationSergey Solovyov. History of Russia... изд. 8, стр. 847 Во 1612, населението во Нижни Новогород, но и во другите поголеми градови, предводено од Дмитриј Позхарски и Кузма Минин успеале да ги протерат полските окупаторски сили од Москва.Chester S L Dunning, Russia's First Civil War: The Time of Troubles and the Founding of the Romanov Dynasty, p. 434 Penn State Press, 2001, ISBN 0-271-02074-1Troubles, Time of." Енциклопедија „Британика“. 2006Pozharski, Dmitri Mikhailovich, Prince ", Енциклопедија „Колумбија“
Во февруари 1613 година, Полјаците биле протерани од околината на градот Москва, а Националното собрание, кое било составено од претставници од педесет градови, па дури и некои села, го избрале Михаил Романов за нов цар на Русија. Тој бил првиот руски цар од династијата Романови која владеела, сè до 1917 година.
Основна задача на новата династија била да го врати мирот и стабилноста во земјата. За среќа на државата, нејзините главни непријатели, Полско-литванската Државна Заедница и Шведска биле ангажирани во меѓусебни конфликти, кое и овозможило на Русија да склучи мир со Шведска во 1617 година и да потпише примирје со Полско-литванската Државна Заедница во 1619 година. Враќањето на загубените територии, кое започнало во средината на 17 век со Хмељницкото востание во Украина против полската власт и перејаславскиот договор, склучен меѓу Русија и украинските Козаци.
Според договорот, Русија им гарантирала безбедност на Козаците во новосоздадената Запорошка република, која дотогаш била под полска власт. Но, руско-полските војни продолжиле и понатаму, сè до Андрушевскиот договор во 1667 година, во кој Полска ја прифатила територијалната загуба на Украина, вклучувајќи ги градовите Киев и Смоленск.
Наводи
Категорија:Историја на Русија Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Поранешни држави во Азија Категорија:Поранешни словенски држави Категорија:Држави и територии распаднати во 1721 година Категорија:Поранешни царства