Хаџи-Хамзали — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото лежи во северниот дел на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е југозападно градот Штип, а атарот зафаќа површина од .
Историја
Во римско и доцноантичко време во околината на Хаџи-Хамзали се наоѓала тврдината Исар, која го контролирала патот Стоби-Астибо-Пауталија. Наоѓалиштето се наоѓа на истоимениот рид (наречен и Хисар), на околу 5,5 км југоисточно од селото.Хисар (9006837) — GeoNames
Во XIX век Хаџи-Хамзали било турско село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи-Хамзали (Hadži-Hamzali) како турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Аџамзалци имало 325 жители, сите Турци.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.
Селото било раселено по 1961 година, когашто броело 106 жители.
Според пописот од 2002 година, Хаџи-Хамзали немало ниеден жител. Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Родови Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:
Турски родови Доселеници: Басри (5 к.), Асанови (4 к.), Ибишови (2 к.) и Шабанови (1 к.) потомци на основачот на селото Аџи-Амзо; Асанови (2 к.) доселени се од селото Орта Маало; Бејтула (1 к.) доселени се во 1961 г. од селото Црешка.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Исар — тврдина (кастел) од римско и доцноантичко време
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Штип Категорија:Раселени села во Македонија