Олег Басилашвили (руски: Оле́г Валериа́нович Басилашви́ли, роден на во ) — советски и руски филмски глумец.
Тој е роден во семејство на Валеријан и Ирина. Во врска со смртта на неговиот татко во 1975 година, Олег бил принуден да се откаже од улогата во филмот Иронаија на судбината.
Во 1956 година дипломирал на Московски уметнички театар. Во 1959 година се приклучил кон Драмскиот театар Товстоногов. Својата популарност ја стекнал во улогата на филмовите: Служебный роман (Службена романса), Вокзал для двоих (Железничка станица за двајца), Осенний марафон (Есенски маратон).
Басилашвили во периодот од 1990 до 1993 бил пратеник.
И покрај своето грузиско потекло, тој не зборува на грузиски јазик.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Советски глумци Категорија:Руски глумци Категорија:Руски политичари Категорија:Народни уметници на СССР Категорија:Народни уметници на Руската СФСР Категорија:Заслужни глумци на Руска СФСР Категорија:Политичари од СПС Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Почесни членови на Руската академија на уметностите Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од II степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од III степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен