Виктор Савелевич Онопко (роден на 14 октомври 1969 година, во Луганск) — советски и руски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Биографија Онопко е роден на 14 октомври 1969 година во Луганск во семејство од работничка класа. Неговиот татко бил металург во локален машински погон, а неговата мајка била работничка во мензата на фабриката. Тој има сестра по име Дарја и помлад брат Сергеј, кој исто така бил фудбалер.Виктор Онопко: Мне нужны внуки! Комсомольская правда
Тој се оженил со Наталија (ќерка на познатиот фудбалер Виктор Звјагинцев), со која има две деца - синот Виталиј и ќерката Евгенија (која исто се занимава со спорт - ритмичка гимнастика).Её отец играл за «Спартак», а сегодня постарается обыграть его с ЦСКА championat.com
Кариера Клупска кариера Својата кариера ја започнал во екипата на Стахановец Стаханов, од неговиот роден град, Луганск.
На 16-годишна возраст, тој бил поканет во резервниот тим на Шахтар Донецк. Во 1989 година, тој ја отслужил својата „воена служба“ додека бил во резервниот тим на Динамо Киев, откако во еден од натпреварите, тој ги скинал лигаментите, поради што ја пропуштил речиси целата сезона. По „службата“, тој се вратил во Шахтар
Во 1992 година, Онопко се преселил во Спартак Москва, сакајќи да игра на Европското првенство истата година во Шведска. Во Спартак тој брзо успеал да се наметне станувајќи лидер и капитен на тимот, играјќи главно како дефанзивен играч од средниот ред, ефикасно приклучувајќи се во нападот (постигнал 13 гола на 43 натпревари во сезоната 1993). Како резултат на неговите настапи во 1993 година, тој бил прогласен за најдобар фудбалер во Русија (според анкетите на неделникот „Футбол“ и весникот „Спорт-Експрес“). Во 1996 година, тој се преселил во Шпанија, во Реал Овиедо, кој му платил на московскиот клуб 2,5 милиони долари. Инцидентот со кражбата на автомобилот на Виктор само го забрзал неговото заминување. — интервью с В.Онопко на сайте championat.com Иако првично Онопко се надевал на трансфер во Атлетико Мадрид, истиот пропаднал и не се реализирал.Конкистадоры и Дон Кихоты. Как Онопко, Карпин, Мостовой и другие россияне покоряли Испанию .
Во шпанскиот тим, Онопко станал главен централен дефанзивец, а потоа и капитен на тимот. Во декември 1997 и јануари 1998 година, популарното шпанско списание „Дон Балон“ го прогласило за најдобар дефанзивец на месецот. Од сезоната 1999-2000, тој не добивал плата од клубот две години, но сепак го продолжил договорот и останал да игра. Вкупниот износ на долгот за плата бил 1,6 милиони евра. Поради се потешката финансиска состојба, во сезоната 2000-2001, Овиедо испаднал во Сегунда Дивисион, но Онопко и покрај тоа останал во клубот уште една година. Потоа, тој се вратил во елитната шпанска дивизија пред почетокот на сезоната 2002-2003, откако му се приклучил на Рајо Ваљекано, каде тренер му бил Фернандо Васкес, со кого претходно работел во Овиедо. Сепак, на крајот од сезоната, Рајо не успеал да остане во Примера, а Онопко го раскинал договорот со клубот.
Во 2003 година се вратил во Русија, во Спартак-Аланија Владикавказ до крајот на сезоната, и му помогнал на тимот да избегне испаѓање од Премиер лигата. Следната година, тој потпишал за Сатурн, кој во тој момент бил предводен од клупата од неговиот поранешен селектор во руската репрезентација, Олег Романцев. За Сатурн играл две години, а во зимата 2005 година, ја вршел улогата на играч-тренер во клубот. Кариерата ја завршил кон крајот на 2005 година, на возраст од 36 години.
Репрезентативна кариера Онопко го држел рекордот за најмногу одиграни натпревари за руската фудбалска репрезентација (109), се до 2015 година кога бил престигнат од Сергеј Игнашевич.
Настапил за Русија на две Светски првенства во 1994 и 2002, како и на Европското првенство 1996, додека за Европското првенство 2004 отпаднал поради повреда и покрај тоа што бил на списокот. Тој, исто така, настапил претходно и на Европското првенство 1992 во Шведска, како член на репрезентацијата на Заедницата на независни држави. Својот последен натпревар за Русија го одиграл во победата со 4-3 над , во пријателски натпревар, игран во август 2004 година.
Тренерска кариера Онопко работел 11 години како помошник тренер во ЦСКА Москва..
На 26 јули 2021 година, тој бил назначен за асистент на селекторот Валериј Карпин во руската репрезентација.
Во февруари 2022 година, откако ФИФА и УЕФА ги суспендирале руските клубови и репрезентации од меѓународните натпреварувања поради руската инвазија на Украина, Карпин се вратил како тренер на Ростов и го ангажирал Онопко за свој асистент во клубот.
Статистика КлубСезонаЛигаКупУЕФАВкупноAppsГоловиAppsГоловиAppsГоловиAppsГоловиШахтер1988301000401990210310024119912411000251Спартак Москва199223621713281993309409443131994262305034219952961060366ФК Реал Овиедо1996191000019119973701000380199831+10000031+1019993302000350200031210003222001353100036320023010000301Рајо Валекано20032810000281ФК Аланија200370100080Сатурн2004261500031120052502000270КариераВкупно458+133282275513+140
Титули Клупски Спартак Москва Руско првенство : 3 1992, 1993, 1994 Куп на Русија : 1 1993–1994
Поединечни Руски фудбалер на годината: 1993
Наводи
Надворешни врски
Виктор Онопко на soccerway Виктор Онопко на transfermarkt Виктор Онопко на espn Виктор Онопко whoscored Виктор Онопко worldfootball
Категорија:Живи луѓе Категорија:Советски фудбалери Категорија:Украински фудбалери Категорија:Руски фудбалери Категорија:Руски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Киев Категорија:Фудбалери на ФК Шахтар Донецк Категорија:Фудбалери на ФК Спартак Москва Категорија:Фудбалери на ФК Реал Овиедо Категорија:Фудбалери на ФК Рајо Ваљекано Категорија:Фудбалери на ФК Сатурн Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен