Роман Павлјученко (руски: Роман Анатольевич Павлюченко, роден на ) — руски фудбалер кој во моментот настапува за екипата на ФК Тотенхем.

Павлјученко своето деби во фудбалот го направил за екипата на ФК Динамо Ставропол во 1999. Во 2000 тој се преселил да игра во Ротор Волгоград и се задржил во тимот 3 години каде постогнал 14 гола во 65 натпревари за својот тим.

Павлјученко се преселил во ФК Спартак Москва во пролетта 2003. Павлјученко станал голем голгетер на тимот, постигнувајќи 77 погодоци во 147 натпревари. Во 2006 станал голгетер на Руската премиер лига. Во 2007 станал втор капитен на Спартак, заедно со Моцарт Сантош.

На 1 септември 2008, Роман официјално потпишал со Тотенхем за сума од 14 милиони евра. Тој го добил дресот со број 9.

Роман Павлијученко дебитирал за репрезентацијата на Русија во 2003 година.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Ставропол Категорија:Фудбалери на ФК Спартак Москва Категорија:Фудбалери на ФК Ротор Волгоград Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Локомoтив Москва Категорија:Руски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига