мини|Можен портрет на Готлоб Ернст Шулце Готлоб Ернст Шулце (; - ) — германски филозоф, претставник на скептицизмот. Роден е во месноста Хелдрунген (денес во Тирингија). Професорувал во Витенберг, Хелмштет и Гетинген.Encyclopedia of Philosophy, том 7, New York: Macmillan, 1972 Неговото највлијателно дело е „Енесидем“ (Aenesidemus), каде авторот преку скептична полемика се обидува да ги побие исказите во „Критика на чистиот разум“ од Имануел Кант и „Филозофија на елементите“ од Карл Леонхард Рајнхолд.
Во Гетинген, Шулце станал ментор на идниот филозоф Артур Шопенхауер кого го посоветувал да се задржи на изучувањето на Платон и Кант. Овој совет имал големо влијание во филозофијата на Шопенхауер. Во зимскиот семестар 1810/1811, Шопенхауер кај Шулце изучувал и психологија и метафизика.Schopenhauer, Manuscript Remains, Vol. 2, Berg, 1988, ISBN 0-85496-539-4
Шулце починал во Гетинген.
Мисли „Умствените растројства се појавуваат во услови на удобствија — затоа нема да ги најдете кај дивите племиња.“ „Еден особен вид на споредба се нарекува остроумност … Она што произлегува од неа се идеи за скриените, но сепак површни сличности во нештата.“ „Вистината е кривa линија, а филозофијата е бројот на тангентите што ѝ се доближуваат до бесконечност без да ја допрат, — асимптотите.“ „Утврдувањето дали едно расудување е аналитичко или синтетичко зависи и од тоа што сè опфаќа нашето поимување за „субјект“. Така, она што за некого е аналитичко, за друг ќе биде синтетичко.“ „Кој ја осознал природата сама по себе?“
Наводи
Категорија:Германски филозофи Категорија:Скептици Категорија:Германски идеалисти