Руљак — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Потекло на името

Коренот на името на селото доаѓа од „тече“ или „река“ (Руљ или Ру), додека суфиксот -ак има значење на „место каде што се наоѓа“.

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во повисокиот југоисточен дел на територијата на Општина Карбинци, во средното сливно подрачје на реката Брегалница. Селото е ридско, на надморска височина од 580 метри.

Селото се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, а до него земјен пат во лоша состојба од соседното село Црвулево.

Историја

Во век, Руљак било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 7,8 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 461 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 171 хектар, а на шумите 119 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 155 жители, сите Турци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226. Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 171 жител, сите Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.

До 1953 година селото било чисто турско село, но подоцна турското население во целост се иселува, а на нивно место доаѓаат македонски семејства.

Селото е мало, во фаза на наполно раселување, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 87, а во 1994 година само 12 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Руљак живееле само 2 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, од кои 2 Македонци и 2 лица без податоци.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Руљак, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2323 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа. Во избирачкото место се опфатени селата Припечани и Руљак.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Авлиите — некропола од доцноантичко време; Голо Брдо — населба од доцноантичко време; Градиште — средновековна црква; и Крушите — населба од доцноантичко време.

Цркви Црква „Св. Илија“ — главна селска црква

Реки Руљачка Река — мала река низ селото

Галерија

Наводи

Поврзано Општина Карбинци Штип

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Карбинци