Просјакот претставува бронзена скулптура на човек, кој го симболизира христијанското мачеништво, односно според авторот таа е конципирана врз иконостасната христијанска каноника која го проектира внатрешниот простор за молитви и тихување. Со страдалните искуства на Христовите предвесници и следбеници опишана е Христовата голгота низ која личноста ја спознава светлоликоста на Богочовекот. Споменикот се наоѓа на улицата Македонија во центарот на Скопје. Автор на оваа скулптура е Наташа Божарова - Пијанманова. Скулптурата била поставена во април 2009 година.

Оваа скулптура е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 36 скулптури во центарот на Скопје.

Наводи

Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Македонски дела од 2009 година Категорија:Дела на Наташа Божарова - Пијанманова