Hold It Against Me — песна од американската пејачка Бритни Спирс. Издадена е како првиот сингл од нејзиниот седми студиски албум, Femme Fatale. „Hold It Against Me“ е напишана од Макс Мартин, Луказ Готвалд, Бони Мекки и Метју Џомф, а продуцкијата ја завршиле Готвалд, Мартин и Билборд. Песната прво требало да ѝ биде понудена на Кети Пери, но Готвалд и Мартин почувствувале дека не ѝ одговара. Готвалд објаснил дека сакал „Hold It Against Me“ да не звучи како никоја продукција која тој претходно ја направил. Откако демо верзија на песната изведена од Мекки протекла на интернет, завршената верзија премиерно била прикажана на 10 јануари 2011. Синглот бил издаден следниот ден.
Музички, „Hold It Against Me“ меша елементи од индустријалната и транс музиката и грајм. Рефренот содржи синтисајзери кои ги креваат нејзините вокали и прават контраст на силните удари од другите инструменти. Песната исто така користи и дабстеп дел, во кој Спирс испраќа бакнежи и завршува со завршен рефрен со елементи од рејв музиката. Текстот прикажува како пејачката заведува некого на танцувачкиот под, додека рефренот зборува за поврзување. The Bellamy Brothers ја критикувале песната, велејќи дека е слична со нивниот хит од 1979, „If I Said You Had a Beautiful Body Would You Hold It Against Me“. Подоцна биле тужени од Мартин, Готвалд Мекки и Билборд за клевета и навреда.
Повеќето критичари ја пофалиле „Hold It Against Me“, иако некои од нив го критикувале текстот. Песната станала голем комерцијален успех, дебитирајќи на првото место во Валонија, Канада, Данска, Финска и Нов Зеланд како и на табелата Билборд Хот 100, каде што станал четвртиот сингл на Спирс кој го постигнал тоа. Во САД, „Hold It Against Me“ ја направил Спирс вториот артист во историјата на Билборд да дебитира на првото место неколкупати, зад Мараја Кери. Оваа цел исто така ја направила третиот артист кој постигнал број еден сингл во три последователни децении и седмиот артист во целост. Дополнително, синглот се искачил на првите пет места во држави како Австралија, Ирска, Италија, Шкотска, Финска и Норвешка.
Музичкото видео за песната било режирано од Џонас Акерлунд. Премиерно било прикажано на 17 февруари 2011, а пред неговата премиера биле прикажани неколку исечоци. Видеото ја прикажува Спирс како поп ѕвезда која паднала од вселената за да најде слава на земјата. Таму, таа станува пренатрупана од притисокот на нејзината познатост и се срушува. Видеото добило мешани до позитивни критики, а критичарите ја пофалиле концепцијата, но го критикувале рекламирањето на производи. Спирс ја извела песната во Rain Nightclub, Good Morning America и Jimmy Kimmel Live!. Таа исто така ја додала на нејзината Femme Fatale Tour (2011) како првата песна.
Заднина „Hold It Against Me“ е напишана од Макс Мартин, Луказ Готвалд, Бони Мекки и Билборд, а продукцијата ја завршиле Готвалд, Мартин и Билборд. Откако била напишана, Лук и Мартин сакале да ѝ ја дадат песната на Кети Пери, но одлучиле дека „дефинитивно не е песна за Кети Пери.“ Продолжиле да работат на песната со Билборд и Лук Готвалд коментирал, „Сакав да бидам сигурен дека нема да звучи како нешто што го имам направено досега. [...] Може да се слушне во стиховите и крајниот дел е супер, но рефренот е супер-поп.“ Откако озборуваниот текст на песната бил прикажан на интернет, Готвалд коментирал на неговиот профил на Твитер на 9 декември 2010, „Јас / ние никогаш не напишавме песна наречена 'don't hold it against me'.... ПазеТе се од НеточносТа инфо деца ;-) Ја напишавме 'hold it against me' но текстот не е тој ....“ Потоа било изјавено во неколку вести дека „Hold It Against Me“ ќе биде прикажана на 7 јануари 2011.епак, ова било одречено од менаџерот на Спирс, Адам Лебер. Демо на песната изведено од Мекки протекло на интернет на 6 јануари 2011. Истиот ден, Спирс го прикажала омотот и коментирала на Твитер, „Слушнав дека демото на мојот нов сингл протекло. Ако мислите дека тоа е добро тогаш чекајте да ја слушнете вистинската верзија еден четврток.“
На 10 јануари 2011, синглот бил овозможен за стримигн на мрежната страница на Рајан Сикрет, кој премиерно ја прикажал на радио шоу подоцна. Спирс напишала на Твитер, „Не #HOLDITAGAINSTME [го држите за мене] за раното излегување, Не можев да чекам подолго. Се надевам дека не ви пречи.....“ Радио премиерата предизвикала неколку страници да добијат многу посетители. „Hold It Against Me“ била дигитално издадена во САД и Канада во iTunes Store во 00:00 според Источна часовен појас (05:00 Координирано универзално време), каде била ексклузивно овозможена до 18 јануари 2011. Синглот требало да биде издаден во Обединетото Кралство на 20 февруари 2011, но датумот бил сменет на 17 јануари 2011, поради преголеми барања.
Композиција
„Hold It Against Me“ е песна долга три минути и четириесет и девет секунди. Претставува денс-поп песна која содржи индустијал и транс ритми со елементи од грајм. Вокалите на Спирс биле опишани како малку средени, но не премногу. Рефренот кој содржи поп елементи во стил на Макс Мартин содржи синтисајзери кои ги придружуваат нејзините вокали но се различни од силните удари. После вториот рефрен, ритамот прекинува и Спирс зборува за текстот кон крајот. Ова е проследено со дабстеп прекин, кој трае триесет секунди и Спирс се слуша како испраќа бакнежи пеејќи го тексто „Дај ми нешто добро, не сакам да чекам го сакам сега.“ „Hold It Against Me“ продолжува со втор прекин, кој е сличен со звукот на песната. Последниот рефрен содржи рејв акорди и песната има брз крај.
Роб Шефил од Роулинг Стоун коментирал дека песната „го повикува синтисајзерскиот амбиент од гемот на Бритнси Спирс од 2007, Blackout.“ Тој исто така го споредил рифот со песната на AC/DC, „Dirty Deeds Done Dirt Cheap“ (1976). Ен Пауерс од Los Angeles Times споредила дел од песната со „(I Just) Died in Your Arms“ (1986) од Cutting Crew. Ник Левин од Digital Spy почувствувал дека песната имала чувство за клуб споредувајќи со „Only Girl (In the World)“ (2010) на Ријана. Според листот со музика објавен на Musicnotes.com од Kobalt Music Publishing Inc., „Hold It Against Me“ е поставена во брзо темпо со модерен денс ритам во метроном од 133 удари во минута. Компонирана е во Це-мол, а вокалите на спитс се движат од ниската G3 до високата нота G5. Песната ја содржи акордната прогресија Cm–Fm–Cm–Fm. Според текстот „Hold It Against Me“ зборува за заведување на некого на танцувачкиот под. Рефренот содржи текст, „Кога би рекла дека го сакам твоето тела сега би го држел против мене?“ и „Бидејќи ти си како рај, а мене ми треба одмор вечерва.“ Џејмс Монтгомери од MTV го споредил текстот со „If U Seek Amy“ (2009).
Откако „Hold It Against Me“ била издадена, The Bellamy Brothers ја критикувале нејзината сличност со нивната песна од 1979, „If I Said You Had a Beautiful Body Would You Hold It Against Me“. Дејвид Белами во изјава рекол, „професионално е добро, но искрено се чувствуваме украдени. Каде е оригиналноста?“ Адвокатот на браќата, Кристофер Е. Шмид рекол дека „станува чудно ако го дуплирате битот на песната на Белами Брадерс и го поврзете со верзијата на Бритни“ и кажал дека тоа не било првиот пат Мартин и Готвалд да бидат обвинети за кршене на авторски права. На 2 март 2011, Мартин, Готвалд, Мекки и Билборд пополниле тужба против браќата за клевета и навреда.
Критички прием 200px|thumb|right|Спирс ја изведува „Hold It Against Me“ на Femme Fatale Tour (2011). „Hold It Against Me“ добила позитивни прегледи од повеќето критичари. Рик Флорино од Artistdirect ѝ дал на песната четири ѕвезди и уште половина, нарекувајќи ја „една од најпривлечните песни за во клуб на Бритни“ и рекол „Гордо стои со другите класици на Бритни како 'Womanizer,' 'Gimme More,' и 'Toxic,' но има елеганција во која Бритни влегува во нова територија и ги турка границите на поп-музиката уште еднаш.“ Ник Левин од Digital Spy рекол дека иако „Hold It Against Me“ била продуцирана од Готвалд и Мартин, целосниот производ не бил сличен со неговите вообичаени соработници како Кеша Себерт и Кети Пери, но „звучи како песна на Бритни за 2011.“ Бред Вет од Entertainment Weekly рекол дека „'Against Me' е класична Бритни - тоа е вокална изведба која е далеку од ѕвездена. но служи како добар придонес за нивните Еуро и техно ритми [на Готвалд и Мартин].“ Тој исто така додал дека Спирс не влегла во некоја нова територија според текстот и дека немало голема разлика во споредувањето на сингловите како „...Baby One More Time“ (1998) или „I'm a Slave 4 U“ (2001).
Грег Кот од Chicago Tribune коментирал, „Тоа е една од потешките песни на Спирс и треба да заврши работа како танцувачки филтер за слушачите кои ги слуштаат последните синглови на Кети Пери и The Black Eyed Peas“. Сепак, нему не му се допаднал текстот и рекол дека Спирс звучи како да ѝ е „досадно [...] а така е и со нејзините други моментални снимки.“ Мајкл Крег од The Guardian ја нарекол „доволно пристојна.“ Роб Шефилд од Rolling Stone сметал дека песната е како првите песни на Спирс и изјавил дека „ветува добри песни за нејзиниот албум.“ Џим Кантиело од MTV почувствувал дека делот во кој Спирс праќа бакнежи е смешен, но ги пофалил ритамот и вокалите додека го нарекол крајниот дел „одличен.“ Џим Фарбер од Daily News ја нарекол „песна спремна за клуб“ и додал, „Со сето тоа зад неа, 'Упс' девојката може повторно да го направи тоа.“
Една Гундерсен од USA Today го критикувала делот во кој Спирс праќа бакнежи, но рекла дека синглот „пренесува доволно денс-поп-музика за да стане уште еден превоз до врвот на табелите.“ Бил Лемб од About.com ја нарекол една од најзрелите денс поп песни во кариерата на Спирс, фалејќи ја структурата на рефренот и електропоп музиката во завршниот дел. Лемб изјавил, „Поп-музиката од 2011 има ран удар во раката овде. ['Hold It Against Me'] брзо ќе заземе место заедно со другите најдобри синглови на Спирс.“ Popjustice позитивно ја споредил песната со протеченото демо, велејќи дека додека текстот и мелодијата не биле различни, завршената верзија „е најверојатно 1000 пати подобра од демото. Потешка е поитна, екстремно епска песна која звучи како работа на ѕвезда.“ Глен Гамбоа од Newsday изјавил дека „Hold It Against Me“ била „малку побезбедна [...] како нејзината ниска не-таблоидна личност.„ Џ. Д. Консидин од The Globe and Mail го нарекол преработувањето на песната од Белами Брадер „досадно“, но заклучил дека песната лесно ги привлекувала слушачите.
Настап на табелите После првиот дел од издавањето во САД, „Hold It Against Me“ поставила рекорд на повеќето радио станици за време на првиот ден со 619 регистрирани пуштања на Mediabase и 595 на Nielsen Broadcast Data Systems (BDS). Дополнително, песната го срушила рекордот на Mediabase за најголем број на пуштања во една недела со 3,866 одбројувања. Билборд изјавил дека „Hold It Against Me“ ќе дебитира на првото место на Билборд Хот 100, поради големиот број пуштања и големите продажби кои постигнале дури 400,000 продадени копии. На табелата на 29 јануари 2011, „Hold It Against Me“ дебитирала на првото место на Хот 100, со што Спирс станала вториот артист во историјата кој имал неколку песни на врвот на табелата веднаш зад Мараја Кери. Синглот е исто така единаесеттата песна која дебитирала на првото место во историјата на табелата, а четвртата песна која го постигнала тоа во кариерата на Спирс. „Hold It Against Me“ ја направила Спирс третиот женски артист зад Мадона и Џенет Џексон, кој постигнал број-еден хит во три декади и седмиот артист кој го постигнал тоа во својата кариера.