„Мајсторот и Маргарита“ (руски: Ма́стер и Маргари́та) — роман на рускиот писател Михаил Булгаков. Во центарот на вниманието на романот е посетата на Сатаната на Москва. Голем број критичари го сметаат за еден од најдобрите романи на XX век,The Sword and the Shield: The Mitrokhin Archive and the Secret History of the KGB најважниот руски роман на 20 век,„Mihail Bulgakov 1891 - 1940. Hronologija“, во: Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008, стр. 121. како и една од најдобрите сатирични книги за советската бирократија и социјален живот.

Историја на романот Булгаков почнал да го пишува своето ремек-дело, „романот за ѓаволот“ во 1928 година и на него работел сè до смртта. Првобитните наслови на романот биле: „Сатана“, „Кнезот на темнината“, „Црниот маг“ и „Големиот канцелар“. Следната година ја напишал првата редакција на „романот за ѓаволот“ (вкупно 15 глави), како и четири глави од втората редакција. Пролетта 1930 година ја запалил првобитната верзија, во 1933 година ја напишал третата редакција на „романот за ѓаволот“, а во 1936 година и четвртата редакција, додека петтата и шестата редакција ги завршил во 1937 година, кога романот го добил конечниот наслов, „Мајсторот и Маргарита“. Во 1938 година ги напишал седмата и осмата редакција на романот и тогаш се одлучил за конечниот наслов на романот. Во 1940 година, пред смртта, Булгаков го изговорил зборот „Мастер“, а неговата сопруга Елена му се заколнала дека ќе го објави романот „Мајсторот и Маргарита“. Сепак, скратеното и цензурирано издание на романот било објавено во СССР дури кон крајот на 1966 и почетокот на 1967 година во списанието „Москва“. Веднаш по објавувањето, романот се наметнал како првокласна книжевна сензација и веднаш бил преведен на големите светски јазици. Но, тогаш не било познато дека од романот биле избришани многу „незгодни“ страници - вкупно една петтина од романот при што некаде бил исфрлен по некој збор, а некаде и цели поглавја, односно од оригиналниот текст биле исфрлени дури 14 000 зборови. Меѓутоа, во тоа време, во форма на „самиздат“ се појавиле исфрлените страници и глави, и тоа со прецизни насоки во кои делови од книгата треба да бидат вметнати, така што обидот на цензурата бил бесмислен. Подоцна, издавачките куќи надвор од СССР успеале да дојдат до оригиналната, нецензурирана верзија и во 1967 година романот бил објавен во целост, најпрвин во странство (на руски јазик), како издание на YMCA-Press, а во 1969 година издавачката куќа Посев од Франкфурт го објавила романот со ознаки на местата кои биле цензурирани. Во 1973 година, во СССР се појавила уште една верзија на романот, но ниту таа не била целосна. Потполната верзија на романот се појавила дури во 1989 година во Киев, како двотомно издание, а една година подоцна и во Москва, како издание во пет тома.Влада Урошевиќ, „Поговор - Писателот под закрила на темните сили“, во: Михаил Булгаков, Мајсторот и Маргарита. Скопје: Три, 2006, стр. 429-430.„Mihail Bulgakov 1891 - 1940. Hronologija“, во: Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008, стр. 123-126.Zlata Kocić, „Bulgakovljeva poslanica čovečanstvu“, во: Mihail Bulgakov, Majstor i Margarita. Beograd: Laguna, 2020, стр. 11-12.

Ликови во романот Руски граѓани Мајсторот: писател кој напишал роман за средбата со Понтиј Пилат и Исус од Назарет. Тој е познајник на Бездомни и пациент во психијатриската клиника. Маргарита: љубовницата на Мајсторот. Таа била посветена на Мајсторот, за кој верува дека е мртов. Маргарита не се појавува до втората половина на вториот дел од романот. Михаил Александрович Берлиоз: шеф на литературното друштво МАССОЛИТ. Прекарот го добил по Хектор Берлиоз. Иван Николаевич Бездомни: млад поет, пациент во психијатриската клиника каде се среќава со Мајсторот. Стефан Богданович Лиходејев: Директор на тетатарот Вариет и цимер на Берлиоз. Често нарекуван Стиопа. Григори Данилович Римски: влагајник на театарот, кој побегнува од Москва по средбата со Сатаната Иван Савелјевич Варенуха: управник на театарот. Претворен во демон, кој подоцна ќе биде вратен во нормална состојба. Наташа: слугинка на Маргарита. Никанор Иванович Босој: претседател на куќниот комитет на улицата „Садоваја“ 302B.

Соработниците на Воланд Воланд: странски „професор“ кој практикува „црна магија“. Ликот, всушност, го претставува Сатаната. Бегемот: голема црна мачка. Ликот е демонско суштество. Коровјев/Фагото: помошник на Воланд кој е во можност да направи каква било илузија. Азазело: член на дружината на Воланд, убиец и пратеник. Најверојатно е Азазел. Хела: убав, црвенокос сукуб. Абадона: ангел на смртта.

Ликови од романот на Мајсторот Јешуа Ха-Ноцри: осуденик поради проповедување. Ликот е, всушност, Исус Христос. Понтиј Пилат: римски управник на Јудеја, познат по судењето на Исус од Назарет. Апраниј: член на римската света служба во Јудеја. Леви Матвеј: поранешен даночник, следбеник на Исус. Јосиф Кајфа: висок свештеник од Јудеја, заинтересиран за смртта на Исус. Јуда: познат по тоа што го наместува заробувањето на Исус.

Во текот на одделните фази од пишувањето, онака како што ја менувал својата концепција, Булгаков го нарекувал романот „роман за ѓаволот“, „за Пилат“, „за Христос“, „за Христос и ѓаволот“, „за Мајсторот и Маргарита“, а од тоа произлегува дека во него има пет главни лика, иако во самиот роман, Мајсторот повеќепати своето дело го нарекува роман за Пилат. Тринаесеттата глава, во која првпат се појавува Мајсторот, е насловена „Појавата на јунакот“. Оттука, за самиот Булгаков, главниот лик во романот е Мајсторот, за Воланд и за Мајсторот, главен лик е Пилат, а заедно со Мајсторот, во романот се појавува уште еден главен лик — Маргарита. Сето тоа упатува кон заклучокот дека во романот има три главни лика, што е во согласност со тројството како препознатлива концепција на Булгаков. Во секој случај, постојат различни толкувања во поглед на главниот јунак во романот. Во основа, имајќи го предвид насловот на романот, прифатено е мислењето дека Мајсторот и Маргарита се главните ликови, но некои му даваат предност на еден од нив. Меѓутоа, некои книжевни критичари сметаат дека главниот лик е некој трет, но тука не постои согласност кој е тој: Пилат, Воланд или Јешуа Ха-Ноцри. Најпосле, според некои толкувачи на романот, главниот лик е Иван Бездомни, зашто тој е ученик и наследник на Мајсторот. Иако сами по себе овие несогласувања не се важни, нивното значење е големо токму затоа што фокусирањето кон еден или друг лик предизвикува поместување на аголот на набљудувањето, а со тоа и и преместување на тежиштето на романот.Zlata Kocić, „Bulgakovljeva poslanica čovečanstvu“, во: Mihail Bulgakov, Majstor i Margarita. Beograd: Laguna, 2020, стр. 17-18.

Содржина Романот се состои од два дела, со вкупно 32 глави и епилог. Првиот дел содржи 18 глави, а вториот дел почнува од 19. глава.

Глава 1-6 Еден пролетен ден, во Москва, разговараат поетот Иван Николаевич Понирјов, познат како Бездомни, и Михаил Александрович Берлиоз (претседател на писателската организација МАССОЛИТ) при што Берлиоз образложува дека Исус Христос е измислен лик. Наеднаш, на Берлиоз му се појавува привидение, а потоа во разговорот се вклучува непознат човек со необичен изглед. Непознатиот, за кого Бездомни и Берлиоз помислуваат дека е странец, тврди дека Исус постоел, а потоа им ја раскажува случката во која Понтиј Пилат го осудил Исус на смртна казна, тврдејќи дека тој лично присуствувал на настанот. Непознатиот му кажува на Берлиоз дека истиот ден ќе умре така што ќе му биде пресечена главата, а кога Берлиоз истрчува да се јави во полиција, тој паѓа пред трамвај кој го обезглавува. Бездомни се обидува да го следи непознатиот, кому во меѓувреме му се придружува уште еден човек и еден голем мачор. Во трката по нив, Бездомни останува без облеката и по гаќи оди во седиштето на МАССОЛИТ, но никој не им верува на неговите зборови, туку го сметаат за луд и го носат во болницата за душевни болести.Михаил Булгаков, Мајсторот и Маргарита. Скопје: Три, 2006, стр. 5-78.

Глава 7-13 Следното утро, странецот (кој се претставува како артистот Воланд), неговиот помошник и мачорот се појавуваат во станот на Степан Лиходеев, директор на театарот „Вариете“ и прв сосед на Берлиоз. Воланд го известува Лиходеев дека потпишале договор за настап во театарот. Истовремено, Воланд му го презема станот, а Лиходеев за миг е пренесен во Јалта. Претседателот на станбената заедница на зградата, Никанор Иванович Босој, ги затекнува Воланд и неговата придружба во станот на Берлиоз, а потоа, помошникот на Воланд предизвикува Никанор да биде уапсен поради трговија со девизи. Римски, директор на театарот „Вариете“, и неговиот помошник Варенуха добиваат телеграма дека Лиходеев се наоѓа во Јалта. Варенуха е грабнат од помошниците на Воланд така што и тој исчезнува. Во „Вариете“, Воланд и помошниците приредуваат неверојатна претстава. Во болницата, Бездомни запознава човек кој се претставува како Мајсторот. Тој му кажува на Бездомни дека во Москва дошол Сатаната, а исто така, му ја раскажува и својата животна приказна: Откако добил висока награда на лотарија, Мајсторот почнал да пишува роман за Исус Христос и Понтиј Пилат, а истовремено се вљубил во една жена; кога се обидел да го објави романот, тој бил одбиен, а потоа се појавиле остри критики против неговото дело; поради тоа, Мајсторот западнал во тешка душевна криза и самиот отишол во болницата.Михаил Булгаков, Мајсторот и Маргарита. Скопје: Три, 2006, стр. 79-160.

Глава 14-18 По необичната претстава, Римски се повлекува во својот кабинет, каде го посетува Варенуха кој му раскажува дека директорот Лиходеев бил пронајден во близината на Москва. Меѓутоа, Римски открива дека посетителот не е Варенуха, туку се работи за нечиста сила. Тогаш, почнуваат да пеат утринските петли и така Римски се спасува од сигурната смрт, по што веднаш со воз побегнува во Ленинград. Во меѓувреме, Никанор Босој, исто така, е затворен во болницата каде се наоѓаат Бездомни и Мајсторот. Паралелно со случувањата во Москва се опишува погубувањето на Јешуа Ха-Ноцри: тој и двајца злосторници се одведени на ридот Голгота каде се распнати на крст, а Матеја Леви скришно го набљудува погубувањето. Ненадејно се појавува бура и римските војници набрзина ги погубуваат осудените. Следниот ден по претставата продолжуваат необичните настани во Москва, предизвикани од Воланд и неговите помошници: претседателот на Комисијата за претстави исчезнал, но неговиот костум сè уште седи на работната маса; вработените во филијалата на Комисијата не можат да престанат да пеат; книговодителот на „Вариете“ е уапсен; чичко му на покојниот Берлиоз, Полавски, доаѓа во Москва и се среќава со необичните помошници на Воланд, кои го бркаат надвор од станот; шефот на бифето на „Вариете“, исто така, има непријатна средба со Воланд и оди на лекар, а потоа на лекарот му се случуваат чудни нешта, итн.Михаил Булгаков, Мајсторот и Маргарита. Скопје: Три, 2006, стр. 161-229.

Глава 19-24