thumb|right|300px|Поглед кон Холворти Хол од градината на Харвард

Холворти хол — еден од домовите во кои се сместуваат студентите од прва година во Харвард. Со капацитет да смести 85 студенти, сместен е во дворот на Харвард и улицата Киркленд. Тој е најблискиот дом до научниот центар на Харвард и втор по близина дом до Меморијалната сала во која е сместена мензата за студентите од прва година. Во првиот век од своето постоење, бил сметан за најдобриот дом во дворот на Харвард и најпосакуван во однос на сместувањето..

Холворти е дел од Ајви Јард групата на домови за студенти од прва година на Харвард, заедно со Апли Корт, Холис Хол, Лајонел Хол, Масачусетс Хол, Мовер Хол, Стаутон Хол, и Страус Хол.

Распоред на катовите Распоредот на катовите во Холворти е посебен меѓу домовите во Харвард. На секој кат од три влезови – Источен, Среден и Западен – има два апартмани поврзани со 3 метарски хол и заедничка бања. Секој апартман вклучува голема заедничка соба со две спални соби. Иако некои студенти кои престојуваат во домот одбираат да ги затвораат вратите во холот, повеќето го остават холот со бањите отворен, на тој начин правејќи „мега-апартман“ за осум лица, за разлика од другите домови. Секое купатло има два умивалници, два тоалети и две туш кабини. Во бањата нема прозорци, но е доволно осветлена.

Историја Холворти бил основан во 1812 во чест на богат англиски трговец, сер Метју Холворти, кој починал во 1678 и оставил £1,000 на Харвард - дотогаш најголемата донација во историјата на колеџот. Домот се отворил на 18 август 1812. Тогаш немал водовод; скоро цел век студентите требало да одат надвор за да го користат водоводот на колеџот. Киријата била $26 годишно.

Домот бил првично користен за сите години, но доминирале студентите во последна година. Во 20 век студентите во последните години изразиле желба да ги направат најстарите домови како Холворти, Холис и Стаутон нивни и потпишувале петиција за Холворти да биди дом само за студентите од последна година во колеџот. До стотата годишнина на домот во 1912, околу 1,300 студенти живееле во Холворти.

До 1904, Холворти бил целосно исполнет со студентите од последната година во колеџот. И покрај тоа што не бил сметан за толку модерен колку поновите домови, Холворти и соседните домови станале центар на студентскиот живот. Исто така станал познат по вдомувањето на некои од најистакнатите студенти.

Поради тоа што во домот почнале да живеат студенти од прва година, Холворти не бил дел од Харвард – Јејл договорот за збратимување до 2005.

Белешки Во 1860, Едвард VII од Обединетото Кралство, тогашен принц од Велс, бил во собата број 12 додека бил на посета во Харвард. Во собата 12 биле сместени и други истакнати студенти од Харвард.

Сè до 1860 , Собата 24 служела како библиотека на Харвард за одделот Фи Бета Капа. Тука бил сместен и библиотекарот кој ги чувал неколкуте стотици книги во неговиот ормар.

Холворти е познат и по тоа што бил дом на неколку писатели и продуценти на анимираната серија Симпсонови.

Претходни станари Хенри Адамс, поранешен декан во Харвард, Соби 14 и 20, Room 05 Џејмс Бар Амес, поранешен декан на Харвард, соби 14 и 20 Хорацио Алжир, писател, соби 07, 18, и 24 Џорџ Банкрофт, државник и историчар, соба 24 Роберт Бенчли, комичар и глумец, соба 23 Томас Булфинч, писател и митографер, соби 09 и 16 Јозеф Хоџ Коут, адвокат и дипломат, соба 21 Вилијам Гарднер Коут, судија и основач на Choate School , соба 21 Адам Клајмер, новинар, соба 18 Ричард Хенри Дана помладиот, адвокат и политичар, соба 13 Чарлс Вилијам Елиот, проранешен претседател на Харвард, соба 11 Роберт Грант, писател, соба 9 Кристијан Хертер, политичар, соба 15 Дејвид Халберстам, новинар, соба 19 Стив Хили, писател на телевизија, соба 21 Ал Џин, телевизиски писател и продуцент, соба 17 Семјуел Лонгфелоу, свештеник, соба 14 Персивал Лоувел, астрономист и стопанственик, соба 21 Едвард Мартин, основач на списанието Life, соба 4 Џејмс Мардок, медиумски извршител, соба 07 Бенџамин Јозеф Новак, глумец и писател на телевизија, соба 10 Бил Оукли, писател на телевизија и предуцер, соба 15 Конан О'Брајан водител на емисија и писател на комедии, соба 16 Девал Патрик, политичар Вендел Филипс, оратор, соба 24 Џошуа Квинси помладиот, политичар, соба 7 Мајк Рејс, телевизиски писател и продуцент, соба 20 Вилијам Расел, политичар, соба 7 Стивен Робертс, новинар, соба 14 Чарлс Сумнер, политичар, соба 23 Луис Убинас, претседател на Форд корпорацијата , соба 16 Корнел Вест, филозоф и активист, соба 08 Роберт Врен, Соба на славните - тенисер, соба 3 Џефри Зукер, медиумски извршител, соба 07

Холворти е исто така познат и тпо тоа што во него престојувале Ал Гор '69 и Томи Ли Џонс '69, иако тие всушност живееле во Mower Hall.

Наводи

Надворешни врски Harvard University Office of Residential Life Harvard College Freshman Dean's Office Harvard Freshman Dorms: Ivy Yard

Категорија:Сместување во Харвард Категорија:Градби во САД од 1812 Категорија:Харвард