Виктор Хрјапа (руски: Виктор Владимирович Хряпа, роден на во ) — руски кошаркар кој во моментот настапува за екипата на КК ЦСКА Москва на позиција крилен центар.
Својата кариера ја започнал во 1999 година во КК Химки, а во 2001 година преминал во Автодор. Следната 2002 преминал во ЦСКА со кој тим го освоил на двапати руската суперлига во 2003 и 2004 година. На драфтот на НБА бил избран во вториот круг од страна на Љу Џерси Нетс, а по ова тој бил разменет во Портланд. Во 2007 година бил разменет и потпишал за Чикаго Булс. Во 2008 Чикаго го раскинал неговиот договор и тој станал слободен играч.
Во враќањето од САД, тој потпишал со ЦСКА со кој во 2008 ја освоил руската суперлига и Евролигата.
Хрјапа е член на Руската репрезентација со кој во 2007 го освоил златото во Шпанија на Европското првенство во кошарка.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски кошаркари Категорија:Кошаркари на КК ЦСКА Москва Категорија:Играчи на Чикаго Булс