Фиер () — град во Албанија во истоимениот округ.

Оддалечен е 8 километри од древниот коринтски град Аполонија.

Градот Фиер бил основан од фамилијата Вриони како трговски град во 18-от век. Во близината на градот се наоѓаат залихи на нафта, природен гас и битумен, за кои постојат записи од 1-от век.

Фиер денес е важен индустриски град, сместен на реката Ѓаница, која е притока на реката Семан, а градот се наоѓа опкружен со мочуришта. Заедно со блискиот град Патос, Фиер е средиште на нафтената и хемиската индустрија на Албанија.

Категорија:Градови во Албанија Категорија:Споменици на културата во Албанија