Долна Црква — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Мислодежда. Претставува некропола од доцниот среден век. Се наоѓа на околу 2-3 км северозападно од селото, каде се гледаат камени плочи од гробни конструкции. Според топонимот, би требало да се очекуваат и остатоци од сакрален објект, што засега не е пронајдено.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Мислодежда; Сред Село — некропола од доцноантичко време; Црква — црква и некропола од средниот век.
Наводи
Категорија:Мислодежда