Социјалистичка Зора бил македонски весник, орган на Обласниот секретаријат на Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти) за Македонија и Стара Србија.

мини|лево|Фериз Бајрам (1880-1965), претседател на комунистичката општина во Скопје 1920 година, и уредник на „Социјалистичка зора“ на турски јазик во Скопје.

Весникот излегувал во периодот од 10 февруари до 10 декември 1920 годинаД-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 379-382-463;. Во почетокот бил неделен, а од 16 август 1920 станал дневен весник. Излегувал на српски, а потоа од 10 септември и на турски јазикД-р Боро Мокров, Збор, печат, време. Зборник трудови од историјата на македонскиот печат, Скопје, 1987, 199-205;. Биле објавени вкупно 130 броја. Имал цел да ги информира, да ги организира и револуционерно-комунистички да ги воспитува работниците и селаните. Со Обзнаната било забрането и неговото излегување.Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 107

Наводи

Категорија:Македонски весници Категорија:Весници на српски јазик Категорија:Весници на турски јазик