Ивајловград () — град во крајниот југоисточен дел на Бугарија, сместен во Источните Родопи. Тој е административен центар на истоименета општина во Хасковската Област. Градот се наоѓа во близина на границата со Грција. Населението на градот изнесува околу 3.158 жители (2022 г.).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г. Регионот е познат по античката Вила Армира, која претставува еден од најзначајните археолошки споменици во Бугарија.
Географија Ивајловград се наоѓа во крајните делови на Источните Родопи, по средниот тек на реката Арда. Регионот на Ивајловград има супмедитеранска клима. Во околината на градот се наоѓаат езерото „Ивајловград“, хидроелектраната „Ивајловград“ и граничниот премин Ивајловград-Кипринос.
Историја Византиските епархиски списоци од 9-10 век го споменуваат градот како центар на владиката со името Љутица на местото на денешниот Ивајловград. Според Јован VI Кантакузин (1347-1354) неговата пешадија пристигнала до тврдина во 1342-1343. Населбата била уништена од страна на Отоманските Турци за време на нивната инвазија на Балканот во 14-15 век.
Информации за градот за време на владеењето на Отоманското Царство има малку, но тој бил во центарот на казата под името Ортаќој во Едренскиот вилает. Голем дел од бугарското население се преселило од регионот поради организираните грабежи и меѓусебните војни во империјата.
И покрај ослободувањето на Бугарија во 1878 година и обединувањето во 1886 година, градот останал дел од Отоманското Царство до Првата балканска војна во 1912-1913, кога претрпел многу напади од страна на башибозукот.Милетичъ, Любомиръ. „Разорението на тракийскит българи презъ 1913 година“, Българска Академия на Науките, София, Държавна Печатница, 1918, стр.296.
Историски знаменитости Љутица, тврдина во околината на градот Вила Армира, античка римска вила во околината на градот Л’джански Манастир
Редовни настани Празник на градот и празник на Св. Трифун Зарезан - се одржува на 14 февруари (стар стил) Собир на Илиева нива - се одржува во првата сабота на месец јуни и тој претставува комеморативен собир во спомен на децата убиени во регионот за време на Балканските војни од башибозукот.
Збратимени градови Лонго, Франција Кипринос, Грција
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Ивајловград
Категорија:Бугарско-грчки гранични премини Категорија:Населени места во областа Хасково Категорија:Градови во Бугарија