Леска или Леж () — град во северозападна Албанија со околу 15.000 жители.
Сместен е на левиот брег на реката Дрим околу 9 километри од устието на Дрим во Јадранското Море. Подрачјето е тешко проодно, мочурливо и слабо населено. Леска е значајна раскрсница на автомобилските патишта кои водат кон Драч, Тирана, Скадар и Свети Јован (Шенѓин). Од Леска, Дрим е низводно пловен за помалку бродови, а на брегот на морето се наоѓа Свети Јован.
Историја
Градот бил основан од Дионисиј од Сиракуза, 385 година п.н.е. и од тогаш е викан Лис (латински: Lissus).
Во Првата балканска војна, на Леска на 18 ноември 1912 година, му биле одземени делови од српската Дринска II дивизија и Шумадиско-албанскиот одред. За време на Првата светска војна преку Леска во зимата 1915 - 1916 поминал поголем дел од српската војска при повлекувањето на југ од Србија.
Знаменитости Црква „Св. Никола“ наречена и „Црква-џамија“ — историски споменик и мавзолеј на Скендербег
Поврзано Lezha Online Lezha Travel and Tourism Shengjini Travel and Tourism
Категорија:Градови во Албанија Категорија:Леска (округ) Категорија:Прва балканска војна
Категорија:Населени места основани во 4 век п.н.е.