Хлодовик II, наречен „Мрзливиот“, роден во 635 и починат на 31 октомври 657, бил крал на Неустрија и крал на Бургундија од 639 па сè до неговата смрт.
Животопис
Хлодовик II дошол на престолот по смртта на неговиот татко Дагоберт I, во 639. Дагоберт имал четири деца, а неговата жена Нантилда била регент во тек на нивното малолетство сè до нејзината смрт во 642. Понатаму владеењето на Хлодовик II се одвива под влијание на мајордомот на палатата на Неустрија Ега како и Ерхиноалд (или Аршамбо). Кралската резиденција тогаш била во Клиши.
Во 649, Хлодовик II се оженил со некоја англосаксонска слугинка што се викала Батилда (626-680). Купена во Јорк од страна на мајордомот Ерхиноал, таа била донесена во кралството на Франките за да се омажи со Хлодовик II. Од овој брак му се родиле тројца синови : Хлотар III (652-673), кој го наследува својот татко како крал на Неустрија и на Бургундија (657-673) ; Хилдерик II (653-675), кој станува крал на Австразија после смртта на Хилдеберт Посвоениот (662-673), потоа крал на сите Франки по смртта на неговиот постар брат Хлотар III (673-675) ; Теодорих III (654-691), кој станува крал на Неустрија и на Бургундија по смртта на брат му Хлотар III во 673. Малку време подоцна постариот брат Хилдерик II го симнал од престолот. Теодорих станал крал на Неустрија и на Бургундија по смртта на Хилдерик II (675-679), потоа крал на сите Франки по смртта на неговиот братучед Дагоберт II (679-691).
thumb|left|Гробовите на Хлодовик II (прв план) и на Карло Мартел (втор план) во базиликата Сен-Дени.
Хлодовик II умрел на 31 октомври 657, на 22 годишна возраст, после 18 години владеење како крал. Закопан бил во Сен-Дени, до неговиот татко Дагоберт.
Според една легенда, два сина на Хлодовик II дигнале бунт против својот татко во тек на некој поклонение во Светата земја. Тогаш, Хлодовик II ги победил и сакал да им ги изгори нервите на нозете. Двајцата браќа тогаш се амонашиле во опатијата Жумиеж која отпосле богато била дарувана од Хлодовик и Батилда. Оваа легенда нема никаква историска подлога: Хлодовик II не бил никогаш во светата земја а тој умрел на млада возраст така што неговите синови биле премногу мали за да креваат бунт против него.
Извор
Поглавје 1 од « Продолжението на хрониката на Фредегер » (околу 760) :
Библиографија
Jean Verseuil, Les rois fainéants : de Dagobert à Pépin le Bref 629-751, édition Critérion, Paris, 1946 . Frédégaire (trad. par O. Devilliers et J. Meyers), Chronique des Temps Mérovingiens, édition Brepols, 2001 . Chroniques du temps du Roi Dagobert (592-639) (traduites du latin par François Guizot et Romain Fougère). 2 édition. Clermont-Ferrand : Paleo, coll. « Sources de l'histoire de France », 2004. 169 p., 21 cm. .
Категорија:Меровинзи Категорија:Франкиски кралеви Категорија:Кралеви на Бургундија Категорија:Европски монарси од 7 век Категорија:Французи од 7 век Категорија:Родени во 633 година Категорија:Починати во 657 година