Киевско-печерска лавра (украински: Києво-Печерська лавра) — историски православен христијански манастирски комплекс кој се наоѓа во Киев, Украина.
Овој коплекс претставува најстаро православно светилиште на Источните Словени, кое било основано во 1015 година во времето на Киевска Рус[Magocsi P.R. A History of Ukraine. University of Toronto Press: Toronto, 1996. p 98.]. Комплексот бил основан во времето на староукраинскиот кнез Јарослав Мудриот. Објектот се наоѓа на два рида кои гледаат кон реката Днепар.
Денеска манастирот се наоѓа под контрола на Украинската православна црква - Московска патријаршија и Државниот музеј на Украина. Светилиштето е вклучено во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО и претставува едно од седумте светски чуда на Украина од 21 август 2007 година врз основа на гласањеѕо од страна на експерти и интернет заедницата. Денеска во земјата и во православниот свет се смета за посебно национално и историско културно место, чиј национален статус го добил на 13 март 1966 годинаПро надання статусу національного Києво-Печерському державному історико-культурному заповіднику.
Комплексот претставува седиште на митрополитот на украинската црква. Кон крајот на 2010 година, мониторската комисија на УНЕСКО била во посета на манастирскиот комплекс за да се провери нејзината состојбата. Според министерот за култура на Украина, состојбата на комплексот заедно со катедралата Света Софија не е загрозена од т.н. црна список на меѓународната организација УНЕСКО.
Историја Основање
thumb|left|225px|Комплексот во 17 век thumb|десно|225px|Успенска катедрала (Киев)|Успенската катедрала thumb|десно|225px|Голема камбанарија (Киевско-печерска лавра )|Големата камбанарија Историјата на комплексот датира и е тесно поврзана со т.н. Далечни и Блиски пештери, во кои биле згрижени основачите на руското монаштво. За нив споменува за првпат во 12 век од преподобниот Нестор Летописец, автор на „Повест за минатите лета“ (Повести временных лет).
Според летописецот, основач на пештерата бил свештеникот Иларион - познат богослов. За своето молитвена осаменост тој избрал живописен рид во близина на соседното село Берестово (летна резиденција на Киевските кнезови), во која ископал пештера.
Според руските извори од 11 век, овој манастир бил основан во 1051 година од страна на Антониј Печерски во времето на Јарослав Мудриот, заедно со неговиот ученик Теодосиј Печерски. Антониј Печерски се смета за основоположник на монаштвото во Русија. Во 1051 година, самиот Иларион бил избран за митрополит на Киев.
Уште истата година во Киев пристигнал од Света Гора, каде што добил монашки постриж во манастирот Есфигмен, преподобниот Антониј Печерски во пештерата на Иларион. Според легендата, игуменот се упати во Киевска Рус за да го основа на овие простори монаштвото. Тој избрал една пештера кај Киев. Кога околу него се собрале желните за монашки живот, тогаш тој го поставил за игумен Теодосиј Печерски, а самиот останал во пештерата до својата смрт. Десет години подоцна, Антониј, кој секогаш се стремил кон обединување, за нов игумен го поставил Варлан и се настанил на соседниот рид. Таму тој основал нова ќелија односно нов комплекс, кој подоцна бил наречен комплекс на Блиските пештери или Антониевите пештери. Теодосиевите пешттери пак останале со имеѕто Далечни пештери. Во следните години, манастирот нараснал и станал матица на руското монаштво.
Десет години по-късно, когато братята били вече двадесетина души, преподобният Антоний, който винаги се стремил към уединение, поставил за игумен преп. Варлаам и се уединил на съседния хълм. Там той изкопал за себеси нова келия и положил с нея създаването на нов пещерен комплекс, който по-късно бил наречен Близките (Антониеви) пещери. Теодосиевите пещери пък останали с името Далечните пещери.
Во 1073 година, Антониј починал и бил погребан во пештерите. Во следните години, во нив започнале да се погребуваат и останатите браќа монаси, ископувајќи ги пештерите и до два метри. Телото на починатиот го ставале на даска и го заштитувале со дрвен капак. На втората година од смртта, монасите ги откривале гробовите и нивните мошти ги пренесувале во крипта.
Во 1079 година започнала изградбата на Успенската црква, која била довршена во 1089 година. Фреските, мозаиците и иконите биле направени од страна на цариградските зографи. При осветувањето на црквата, во неа биле положени моштите на Свети Теодосиј Печерски.
Доцен среден век
Во 1240 година Монголците го разрушиле Киев, а заедно со него и Киевско-печерскиот манастир. Во тоа време во самиот Киев и во неговата околија имало уште неколку пештерски обители. Сите тие пострадале од нападите и истите скоро престанале да постојат. Моштите во тоа време биле пренесени на непознато место од страна на монасите. Во следните 150 години, Печерскиот манастир бил запуштен. Од втората половина на 14 век, кога Киев бил под власт на литовските кнезови, Печерскиот комплекс започнал да се возобновува.
Кон крајот на 16 век, и почетокот на 17 век, манастирот кој бил под контрола на патријархот во Цариград, станал центар на јазолот помеѓу православниот и римокатличкиот свет. На двапати, унијатите правеле обиди да завладеат со манастирскиот комплекс.
16 и 17 век
Поклоничките патувања во Киевско-печерската Лавра не биле секогаш безопасни. Дури од 17 век, кога престанале налетите на натрапниците, поклоничките патувања кон светињите на Киев станале посигурни. Во тоа време, кога се зацврстила позицијата на Православната Црква во Украина, станало неопходно и официјално да се канонизираат Печерските светители. Во 1643 година бил составен Канон на Печерските светители. Кон крајот на 16 век, манастирот добил статуа на Лавра. Во тоа врме бил даден и почетокот на манастирското книгоиздавателство. Така, биле издавани голем број на богослужебни книги во заштите на православната вера. Киевскиот митрополит Петар Могила создал и училиште.
Во 1643 година, митрополитот Петар канонизирал 69 светци. Во 1688 година, Лаврата преминала под контрола на московскиот патријарх, а на неговиот игумен му било дадено големо право над сите останати руски митрополити.
18 век
thumb|десно|225px|Црква Берестово спасение
Во 1762 година Руската Православна црква ги признала печерските светители како општоруски. Во втората половина на XVIII век завршила канонизацијата на соборот на Печерските светители, кој вклучувал 45 преподобни, што почиваат во Далечните пештери, и 73 што почиваат во Блиските.
Во следните години започнала и големата реконструкција на комплексот. Кривуличавите подземни ходници биле проширени, а ѕидовите и сводовите биле потпрени со ѕидан камен, со што тие станале побезопасни и попроодни. Во XIX век, според одлуката на Духовниот Собор на Лаврата, телата на преподобните биле поставени на едно ниво во сандаци од чемпрес, даб и липа. Над секој сандак се наоѓала икона на починатиот. Повеќето икони се сочувани до денес.
Во 1786 година, Лаврата преминала под контрола на киевскиот митрополит.
Советска ера
По доаѓањето на комунистите на власт во земјата, комплексот најпрвин бил затворен, а подоцна и претворен во музеј. Во 1918 година бил убиен митрополитот Владимир под непознати околности. На 29 септември 1926 година, власта во СССР усвоила резолуција за признавање на поранешниот комплекс за историско и културно значење претворајќи го во музеј. Целосниот процес бил завршен до 1930 година. Дел од монасите биле прогонети, некои биле затворени. Во една од зградите била сместена Државната библиотека на Украина. Овде бил основан и музејски комплекс на книгата, на историските богатства итн. Во времето на Втората светска војна, комплексот бил претворен во полициска станица каде биле убиени околу 500 цивили.
На 3 ноември 1941 година, германските окупациони сили ја разрушиле Успенската катедрала, која подоцна била повторно изградена во 2000 година и кое било прикажано во Нирнбершкиот процес. Во 1961 година манастирот бил повторно затворен, во времето на т.н. Хрушчови прогони.
Најнова историја
Според археолошките ископувања кои биле спрведени во новата независна држава Украина, голем дел од научници се обидувале да дојдат до вистинските причини за нетленоста на моштите. Резултатите покажале дека температурата во пештерите, којашто се движи од 7 до 9 степени, и влажноста на воздухот од 79-99% воопшто не биле погодните услови во коишто може да се сочува каква било органска материја. На тој начин, наспроти претходната верзија од советите дека моштите се сочувани благодарение на соодветната температура и балзамирањето, научниците дошле до заклучок дека останките на светиите, коишто се стари и неколку стотици години, не се распаднале и се сочувани без балзамирање на зачудувачки и за науката необјаснив начин.
Во 1988 година, во чест на 1000 годишнина од покрстувањето на Русија, руската влада донела одлука на Црквата да ѝ се врати долната територија на Киевско-печерската Лавра. Тогаш во пештерите биле возобнови литургискиот живот. Денес, како и пред 1000 години, таму се совршуваат древни богослужби и се пее на начин на кој пееле преподобните отци Печерски.
Монашки живот
Животот на монасите кои живееле во пештерите на Киевско-печерската лавра се одвивал во молитва, строг пост, тишина, борба со слабоста на телото, со страстите и ѓаволот. Голем дел од монасите ги истоштувале своите тела поради напорната работа, копајќи секојдневно по пештерите, правејќи од комплексот една подземна населба.
Најголем подвиг на саможртвеността во манастирот било нивната затвореност. Со години монасите ги прекратувале разговорите со надворешниот свет. Два до трипати во неделата, игуменот или некој од браќата им оставал на еден тесен прозорец малку вода и веднаш се оддалечувал од местото. Доколку немало одговор, односно доколку следниот пат водата стоела недопрена, тоа означувало дека монахот е мртов.
Многу бргу, пештерскиот манастир станал тесен за монасите и во 1060-1062 година, во Далечните пештери биле изградени дрвени ќелии и Успенската црква. Самите пештери од нивна страна биле користени како место за молитва и место за погребување на монасите.
Згради и градби
Комплексот се состои од неколку архитектонски споменици. Како главни туристички атракции се големата камбанарија, Манастирската порта, Црквата Берестовско спасение и други.
Храмови Успенска катедрала thumb|десно|225px|Успенската црква по нејзиното рушење во Втората светска војна
Успенската катедрала позната и како Големата црква е главната црква која се наоѓа во комплексот. Христијанскиот храм бил основан во 1073 година по иницијатива на Теодосиј Печерски, и била изградена во период од три години со средства кои биле донирани од страна на принцот Свјатослав II. Во 1230 година храмот бил разрушен од земјотрес, а во 1240 година бил дополнително разрушен од страна на Монголците. Негово повторно обновување се случило во 1470 година, но веќе во 1482 година бил повторно ограбен од страна на Кримските Татари. Во следните години храмот бил на неколкупати повторно оштетуван и повторно реконструиран. Во 1718 година бил опожарен, а во 1729 година бил повторно обновен и проширен во стил на украински барок.
Во времето на Втората светска војна, храмот бил разрушен од страна на експлозија на 3 ноември 1941 година. Според доказите на Нирнбершкиот процесРазрушение и разграбление культурных и исторических ценностей и культурно-просветительных учреждений на Украине и в Белоруссии. Из сообщения чрезвычайной государственной комиссии о разрушениях и зверствах, совершенных немецко-фашистскими захватчиками в городе Киеве (Документ СССР-9) // Материалы Нюрнбергского процесса , храмот бил намерно разрушен од германските окупациони сили. Пред уништувањето на храмот, под ракоодство на Ерих Кох Рајх било спроведено масовно ограбување на скапоценостите на црквата.