Бронте (Brontë) — британско книжевно семејство од XIX векAmerican Heritage and Collins dictionariesColumbia Encyclopedia поврзано со Хаворт во Западен Рајдинг во Јоркшир, Англија. Сестрите, Шарлот (родена на 21 април 1816), Емили (родена на 30 јули 1818) и Ен (родена на 17 јануари 1820), се исто така познати како триото на поетско и романско семејство. Тие ги издавале своите поеми и новели првично под машки псевдоними продолжувајќи го обичајот на времињата кога пишувале женските автори. Нивните приказни веднаш привлекувале внимание, иако не секогаш најдоброто, за нивната страст и оригиналитет. Првиот што покажал успех бил „Џејн Ер“ на Шарлот, додека „Оркански височини“ на Емили и Кираџијата на Вилдфел Хал на Ен и други дела подоцна беа прифатени како чуда на литературата.
Трите сестри и нивниот брат Бранвел биле многу блиски и ги развивале нивните детски фантазирања преку заедничкото пишување на многу комплицираните раскази. Соочувањето со смртта, отпрвин на нивната мајка, подоцна на нивните постари сестри ги потресле многу длабоко и влијаеле врз нивното пишување. Нивната слава се должи многу на нивните сопствени трагични судбини како и на нивната претпазливост. Од нивната рана смрт и после до смртта на нивниот татко во 1861, тие беа подложени на случаи кои не престануваа да растат. Нивниот дом, манастирот на Хаворт од Јоркшир, сегашен Манастирски музеј на Бронте, стана место на поклонение на стотици илјади посетители секоја година.
Потеклото на името
Семејството Бронте може да се пронајде до ирскиот клан Ó Pronntaigh, којшто литературно значи „Внук на Пронте“. Тие беа семејство на наследени списи и учени мажи во Фермана. Верзијата на Ó Proinntigh којшто на почетокот била дадена од Отец Вулф во неговото Sloinnte Gaedheal е гал (презимињата на Гал и странецот) и репродуцирано од MacLysaght, а меѓу другото не може да биде прифатено како точно затоа што тогаш имало голем број на добропознати списи со ова име напишано на ирски на XVII и XVIII век и сите од нив го користеле спелувањето Ó Pronntaigh. Ова име води потекло од зборот pronntach или bronntach, коешто се поврзува со зборот bronnadh, што значи давање или подарување (pronn е дадено како верзија на Алстер на bronn во ирско-англискиот речник на O'Reilly. Отец Вулф предлага дека името има потекло од proinnteach ( училница во манастир).
Членовите на семејството Бронте
Патрик Бронте
Патрик Бронте (17 март 1777 – 7 јуни 1861), е роден во Каунти Даун во Ирска во едно многу сиромашно фармерско семејство. Тој стана англикански курат во парохијата на Хаворт и била поет, писател и полемист. Тој бил англикански свештеник на ирската делба, роден на денот на Св.Патрик во 17 март 1777. Тој е автор на Колибските поеми (1811), Селскиот свирач (1814), и многубројни памфлети и статии во весници,но исто така и на многу различни селски песни. Тој присуствувал на неколку калфувања додека не станал учител и се преселил во Кембриџ каде што студирал теологија, општи предмети, стара и современа историја. Додека се здоби со додипломска диплома на уметност и се запопил на 10 август 1806. Во 1812, тој ја запозна и се ожени со 29 годишната Марија Бранвел и до 1920 се преселил во свештеничкото место на Хаворт каде што се здоби со титулата на секогашен курат. Тие имаа шест деца. На смртта на неговата жена во 1821, неговата јатрва, Елизабет Бранвел, дојде да му помогне да ги израсне децата. Отворен, паметен, широко граден и лично грижејќи се за нивното воспитание тој ги купуваше сите книги и играчки што децата ги бараа и им даде потполно слобода, но ги огорчи нивните животи поради неговите ексентрични навики и чудните теории на воспитание. После неколку обиди да најде нов партнер, Патрик ја прифати неговата улога како вдовец на 47 годишна возраст и го поминуваше неговото време посетувајќи ги болните и сиромашните, давајќи миса, екстремно елеосвештение и пеејќи молитви, оставајќи ги трите сестри Емили, Шарлот, Ен и нивниот брат Бренвел сами со нивната тетка и слугинка, Табита Екроид (Теби) којашто без одмор се потсетуваше на месните легенди во нејзиниот Јоркширски дијалект додека го подготвуваше јадењето. Тој го надживеа целото негово семејство и умре на 84 годишна возраст, шест години после смртта на Шарлот. Бил помаган и од неговиот зет, свештеникот Артур Бел Николс.
Марија Бранвел
Сопругата на Патрик, Марија Бронте, родена Бранвел (15 април 1783 – 15 септември 1821), имала потекло од Пензанс, Корнвал и била дојдена од богато семејство на средната класа. Нејзиниот татко имал голема продавница за чај и намирници и имал собрано големо богатство. Марија умрела на 38 годишна возраст, веројатно од рак на стомакот. Таа се омажила на ист ден како и нејзината помлада сестра Шарлот, во црквата на Гисли, откако нејзиниот свршеник венчал уште две пара. Таа била позната за нејзиниот жив дух, среќа и нежност, и била таа која ги дизајнирала примероците коишто се прикажани во музејот. Нив ги везела за нејзините деца. Таа оставила спомени со нејзиниот сопруг и со Шарлот, најстарата жива сестра, како многу жива жена во свештеникчиот дом. Најмладите, посебно Емили и Ен оставиле само малку магливи слики од нивната мајка посебно од нејзиното страдење во смртната постела.
Елизабет Бранвел
Елизабет Бранвел (2 декември 1776-29 октомври 1841) дошла од Пензанс во 1821 после смртта на Марија, нејзината помлада сестра, за да му помогне на Патрик околу грижата на неговите деца, и била позната како „тетка Бранвел“.
Децата
Патрик и Марија имаа шест деца: Марија, првата од децата Бронтее е родена во куќата Клоу , Хај Таун на 23 април 1814 и умре на единаесет годишна возраст во Хаворт на 6 мај 1825. Таа страдаше од глад, ладно и изолација во Училиштето Кован Бриџ, како и од тиранијата од другите ученици и предавана на учителите во врска со проклетството до бескрај и огните на пеколот (оган и сулфур). Таа се врати со напреден случај на туберкулоза. Посебно Шарлот ја опишува како многу жива личност, многу осетлива и посебно напредната во нејзиното читање и поминување на слободното време. Елизабет (1815-1825), второто дете и се придружи на нејзината сестра Марија во Кован Бриџ каде што и таа ја претрпе истата судбина. Елизабет била попасивна од нејзиниот брат и нејзините сестри и била очигледно помалку напредната за нејзината возраст. Сепак нејзината прерана смрт не можеше да претскаже каква би можела да биде нејзината иднина, кога би можела да ги одржува интелектуалните пасии на нејзиното семејство. Таа умре на 15 јуни 1825, две недели после враќањето дома кај нејзиниот татко. Шарлот, родена во Торнтон блиску Брадфорд, Западен Рајдинг на Јоркшир на 21 април 1816 била поет и романописец и исто така е автор на Џејн Ер, нејзиното најдобро познато дело и три други романи. Таа почина на 31 март 1855 малку пред да ја достигне 39 годишната возраст. Патрик Бранвел е роден во Торнтон на 26 јуни 1817. Познат како Бранвел бил уметник, писател и понекогашен работник. Стана зависен од алкохол и лауданум и почина во Хаворт на 24 септември 1848 на 31 годишна возраст. Емили Џејн, родена во Торнтон на 30 јули 1818, била поет и романописец. Таа почина во Хаворт на 19 декември 1848 на 30 годишна возраст. Нејзиниот единствен роман бил „Оркански Височини“. Ен, родена во Торнтон на 17 јануари 1820 била поет и романописец и умре на 29 годишна возрст. Таа напиша голем автобиографски роман со наслов Агнес Греј. Нејзиниот втор роман, Кираџијата на Вилдфел Хал (1848) бил многу поамбициозен. Таа почина на 28 мај 1849 во Скарборо, Северен Рајдинг во Јоркшир.
Воспитание
Училиштето Кован Бриџ
Во 1824, четирите постари девојчиња (исклучувајќи ја Ен) се запишаа во училиштето Кован Бриџ, којшто ги воспитуваше децата на посиромашните членови на свештенството чијшто член бил и господин Бронте. Следната година Марија и Елизабет се разболеле тешко и биле отстранети од училиштето, но починале кратко време после тоа оделно само неколку недели една од друга, на 6 мај и 15 јуни 1825. Шарлот и Емили беа исто така извлечени од училиштето и вратени во Хаворт. Загубата на нивните сестри претставуваше траума која се покажа во пишувањето на Шарлот. Во Џејн Ер, Кован Бриџ е прикажан како Ловуд, сиротата фигура на Марија е претставена преку улогата на младата Хелен Брнс, свирепоста на раководителката госпоѓица Ендрус преку таа на госпоѓица Скачерт и тиранијата на директорот, свештеникот Карус Вилсон, преку таа на господин Брокелхрст. Туберкулозата која што ги зарази Марија и Елизабет 1825 беше евентуалната причина на смрт на преостанатите преживеани Бронте сестри. Бранвел во септември 1848, Емили во декември 1848, Ен осум месеци подоцна во мај 1849 и на крајот Шарлот во 1855.
Училиштето на Г-ца Вулер
Во 1831, 14 годишната Шарлот беше запишана во училиштето на г-ца Вулер во Ро Хед, Мирфилд. Патрик можеше да ја испрати неговата ќерка во поевтино училиште во Кили, поблиску до дома но г-ца Вулер и нејзините сестри имаа добра репутација и тој се сеќавање на зградата преку која поминуваше кога се шеташе во епархиите на Кирклис, Девсбури и Хардшед-Кум-Клифтон кајшто тој беше викар. Маргарет Вулер покажуваше нежност кон сестрите и ја придружи Шарлот до олтарот на денот на нејзината свадба. Изборот на Патрик за училиште беше одличен – таму Шарлот беше среќна и учеше многу. Таму таа стекна животни пријатели, особено мирната и горда Елен Наси и поубавата Мери Тејлор којашто подоцна се пресели во Нов Зеланд пред да се врати во Англија. Шарлот се врати од Роу Хед во 1832 недостигајќи им на нејзините пријатели, но среќна што се враќа кај нејзиното семејство. Три години подоцна, г-ца Вулер и понуди на нејзината поранешна ученичка позиција како нејзин асистент. Семејството одлучи дека Емили треба да ја придружува за да продолжи со студиите кои инаку не би можеле да си ги дозволат. Партицијапцијата на Емили беше делумно покриена од платата на Шарлот. Емили беше 17 годишна и тоа и претставуваше првпат да излезе од Хаворт откако го напушти Кован Бриџ. На 29 јули 1835, сестрите заминаа за Роу Грин. Истиот ден Бранвел напиша писмо до кралската академија на науките во Лондон за да ги прикаже неколкуте цртежи како дел на неговата кандидатура како пробен студент. Шарлот предаваше без особена учтивост кон учениците коишто ги прикажуваше во нејзините списи како што ќе направи подоцна во Брисел со уште поголем сарказам. Емили не се смести и после три месеци изгледаше како да опаѓа и требаше да биде вратена дома во манастирот. Ен го презеде нејзиното место и остана до Божиќ 1837. Шарлот ја одбегнуваше здодевноста следејќи го развојот на Ангрија којшто го примаше во писмата од нејзиниот брат. За време на празниците во Хаворт, таа пишуваше долги поглавја додека беше карана од нејзиниот татко којшто сакаше повеќе да се посвети на работите на парохијата. Тие доаѓаа до кулминација со зголемувањето на црковните даноци и со локалните даноци коишто беа принудени врз парохиите каде што множината на луѓето беа дисиденти. Во меѓувреме, г-ца Вулер се пресели во куќата Хелд во Дусбери Мур, каде што Шарлот се жалеше дека влажноста на воздухот ја разболува. Таа замина од установата во 1838 откако ја прими Визијата на Дон Родерик и Рокеби, збирка на поеми од Валтер Скот како подарок за заминување од г-ца Вулер.
Литературна еволуција