Карл Дениц (, 16 септември 1891—† 24 декември 1980) бил командант на подморница во Првата светска војна, во Втората светска војна бил командант на подморничка флота, адмирал на флота, а по самоубиството на Адолф Хитлер станал последниот претседател на Третиот Рајх за период од 24 дена (од 30 април до 23 мај 1945 година). На 8 мај го овластил генералот Вилхелм Кајтел да ја потпише безусловната капитулација на Германската војска (Wehrmacht), со што практично завршува втората светска војна на Европска територија.

За време на Нирнбершкиот процес прогласен е за виновен за два од три обвинителни акти и е осуден на казна затвор од 10 години. Казната ја издржува во затворот Шпандау во Западен Берлин. По напуштање на затворот во 1956 година се сместува во селото Аумјуле, близу Хамбург, каде и умира од срцев удар на 89 годишна возраст.

Ран период Карл Дениц е роден во Гринау кај Берлин на 16 септември 1891 година. Татко му бил инженер по оптика во фирмата „Карл Цајс“. Завршува гимназија во 1910 година во Вајмар. Школувањето го продолжува во воено-поморските школи во Кил и Мирвик. Од 1 април 1910 година до 31 март 1911 година стажира на крстосувачот „Херта“. На 1 октомври 1912 година официјално стапува во воената морнарица на Германија на лесниот крстосувач Бреслав. Пред почетокот на Првата светска војна лесниот крстосувач „Бреслав“ и воениот крстосувач „Гебен“ биле пратени на Средоземното Море каде што формирале германска Средоземна флота.

Категорија:Адмирали на нацистичка Германија Категорија:Осудени за воени злосторства Категорија:Германски канцелари Категорија:Германци од Првата светска војна Категорија:Националсоцијалистички водачи Категорија:Носители на Витешкиот крст на Железниот крст со дабови листови Категорија:Носители на копецот на Железниот крст од I класа Категорија:Германски мемоаристи