Олга Саладуха (; 4 јуни 1983, Донецк) е украинска атлетичарка, која се натпреварува во дисциплината трискок.

Првиот значаен успех, Саладуха го постигнала на Универзијадата во Бангкок во 2007 година, на која го освоила првото место, со личен рекорд од 14,79 метри. Во следните неколку години не постигнала некои посебни успеси, сè до европското првенство во Барселона во 2010, каде со прескокнати 14,81 метри се закитила со златниот медал. Веќе следната година, на европската титула Саладуха ја придодала и светската, победувајќи на светското првенство во Тегу со прескокнати 14,94 метри. На европското првенство во Хелсинки во 2012 година, таа успешно ја одбранила титулата освоена две години претходно, победувајќи со нов личен рекорд од 14,99 метри. Околу месец и половина потоа, таа го освоила бронзениот медал на Летните олимписки игри 2012, прескокнувајќи 14,79 метри. Во 2013 година, Саладуха не успеала да го одбрани златниот медал освоен на светското првенство две години претходно и на првенството во Москва го освоила бронзениот медал со прескокнати 14,65 метри. На европското првенство во Цирих, таа го одбранила златниот медал освоен од претходните две европски првенства со прескокнати 14,73 метри.

Најдобар резултат во кариерата на Саладуха во дисциплината трискок се прескокнатите 14.99 метри на европското првенство во Хелсинки. Таа исто така се натпреварува и во дисциплината скок во далечина и нејзин најдобар резултат е 6.37 метри.

Таа е омажена за украинскиот велосипедист Денис Костјук.

Лични рекорди Дисциплина Резултат Место ДатумТрискокНа отворено14.99 мХелсинки, Финска29 јуни 2012Во сала14.88 мГетеборг, Шведска29 јуни 2013Скок во далечинаНа отворено6.37 мРио де Жанеиро, Бразил14 мај 2006Во сала6,31 мСуми, Украина22 февруари 2006

Надворешни врски Олга Саладуха на IAAF.org Олга Саладуха на european-athletics.org

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Украински атлетичарки Категорија:Луѓе од Донецк Категорија:Спортисти-политичари