Фридрих Вилхелм Ниче (германски: Friedrich Wilhelm Nietzsche; 15 октомври 1844 - 25 август 1900) — германски филозоф од XIX век и класичен филолог. Автор на низа текстови од областа на религијата, моралот, современата култура, филозофијата и науката, користејќи еден засебен стил и наклонетост кон метафора, иронија и афоризам. Влијанието на Ниче останува значително во и надвор од филозофијата, особено во егзистенцијализмот и постмодернизмот. Неговиот стил и радикалното преиспитување на вредноста и објективноста на вистината резултираа во голем број на коментари и толкувања, главно во континенталната филозофска традиција. Меѓу неговите најпознати идеи се: смртта на Бог, перспективизмот, вечното враќање, аполониско-дијонизиската поделба итн.
Ниче ја започнува својата кариера како класичен филолог пред да се посвети на филозофијата. На возраст од 24 години, тој е назначен за професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, но поднел оставка во 1879 година, поради здравствени проблеми кои продолжуваат да го мачат целиот живот. Во 1889 година, Ниче западнал во лудило и е препуштен на грижата на мајка му и сестра му, сѐ до 1900 година.
Животопис Фридрих Ниче е роден во градот Рекен (Лицен), во протестантско семејство со потекло од Полска (грофови Нички). Мајка му се викала Франциска Елер, а баба му од страната на татко му, Ердмута Краузе. За време на младоста, таа живеела во Вајмар, за што Ниче вели дека е возможно нејзината мајка (прабабата на Ниче) е запишана во дневникот на младиот Гете, под името „Мутген“. Ердмута Краузе се омажила по вторпат за надзорникот Ниче во Ајленбург, а на 10 октомври 1813 година, на денот кога војската на Наполеон влегла во Ајленбург, таа го родила татко му на Фридрих Ниче. Тој живеел неколку години во дворецот во Ајленбург, каде бил учител на четири принцези, меѓу кои: кралицата на Хановер, големата војвоткина од Олденбург и принцезата Тереза од Саксен-Алтенбург. Поцоцна, ја презел парохијата на општината Рекен, во близината на Лицен. Според сеќавањето на Фридрих Ниче, татко му имал голема почит кон прускиот крал Фридрих Вилхелм IV од кого ја добил својата парохија и на својот син му ги дал имињата Фридрих Вилхелм, зашто се родил на роденденот на кралот.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 27-28. Татко му на Фридрих Ниче умрел во 1849 година, на возраст од 36 години, а самиот Ниче го опишал како „нежен и мирен, како суштество одредено само за минливост - повеќе потсетување на животот, отколку самиот живот“,Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 22. изјавувајќи: „Го сметам за голема предност тоа што имав таков татко“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 28. исто така, при крајот на животот, Фридрих Ниче изјавил дека е ист како татко му и дека е само продолжение на неговиот живот.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 32. Инаку, според признанието на самиот Фридрих Ниче, од целокупното детство и од младоста, тој немал никакви пријатни спомени.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 48-49.
По дипломирањето во 1864 година, Ниче ги започнува студиите по теологија и класична филологија на Универзитетот во Бон. По еден семестар, поради мајка му, ги прекинува теолошките студии и ја губи верата. Ова можеби се случило делумно поради влијанието на Давид Штраус и неговото дело Животот на Исус, иако уште во есејот под наслов Судбина и Историја, напишана во 1862 година, Ниче уште тогаш тврдел дека историското истражување го дискредитирала централната христијанска догма. Ниче потоа се сосредоточил на проучувањето на филолошките науки кај професорот Фридрих Вилхелм Ритхел при Универзитетот во Лајпциг, кого го сметал за „единствениот генијален научник кој сум го видел до денес“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 65. Таму станал близок пријател со Ервин Рохде,Schaberg, William, The Nietzsche Canon, University of Chicago Press, 1996, p. 32 а набргу се појавила неговата прва филолошка публикација, објавена во „Rheinisches Museum“. Во 1865 година Ниче започнува темелно да ги проучува делата на Артур Шопенхауер. Во 1866 година Ниче се запознава со делата на Фридрих Алберт Ланге. Овие двајца мислители особено влијаеле врз Ниче, а влијанието на Шопенхауер особено ќе се чувствува во подоцнежните дела на Ниче. Од друга страна тој бил под влијание и на теоријата на Чарлс Дарвин и материјализамот. Културна средина го поттикнала да ги прошири хоризонтите кон филологијата и да продолжи со проучувањето на филозофијата. Во 1867 година Ниче се пријавил во пруската армија и бил поставен во Наумбург. Меѓутоа, во март 1868 година се повредил јавајќи и останал без служба, како неспособен за отслужување на воениот рок. Како резултат на тоа, Ниче повторно се вратил кон своите студии, по што успешно ги завршил следната година, кога се запознал со Рихард Вагнер.A letter containing Nietzsche's description of the first meeting with Wagner Пред крајот на својот живот, самиот Ниче ги опишува интимните односи со Вагнер како „денови на доверба, веселост... длабоки часови“, изјавувајќи дека „над нашето небо никогаш не помина ниеден облак“. Притоа, Ниче тврди дека токму односите со Вагнер најдлабоко и најсрдечно го закрепналеФридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 55. и дека „не би ја издржал својата младост без вагнеровата музика“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 57. Затоа, Ниче го нарекува Вагнер „голем добротвор на својот живот“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 58.
Професор на Базел (1869-1879) По завршувањето на студиите, Ниче добил понуда да стане професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, каде предавал седум години во највисокото одделение при што никогаш не казнил некој од учениците, а дури и најмрзеливите ученици кај него биле биле вредни.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 29-30. Кога се вработил во Базел, Ниче имал само 24 години и сѐ уште го немал завршено својот докторат, ниту пак добил наставен сертификат.Kaufmann, p. 25. Пред да се пресели во Базел, Ниче се откажал од своето пруско државјанство и остатокот од неговиот живот го поминал без официјално државјанство.Hecker, Hellmuth: "Nietzsches Staatsangehörigkeit als Rechtsfrage", Neue Juristische Wochenschrift, Jg. 40, 1987, nr. 23, p. 1388-1391; and His, Eduard: "Friedrich Nietzsches Heimatlosigkeit", Basler Zeitschrift für Geschichte und Altertumskunde, vol. 40, 1941, p. 159-186. Note that some authors (among them Deussen and Montinari) mistakenly claim that Nietzsche became a Swiss citizen. Сепак, Ниче служел во Пруската армија за време на Француско-пруската војна од 1870-1871 како санитер. Во тоа време доживува многу трауматски стресови од битките кои се воделе, дополнително се разболел од дифтерија и дизентерија. Валтер Кауфман шпекулира дека Ниче можеби имал и сифилис, а некои биографи шпекулираат дека сифилисот го предизвикува неговата евентуално лудило, иако има несогласувања по ова прашање.
По враќањето во Базел во 1870 година, Ниче бил сведок на основањето на Германското Царство и ерата на Ото фон Бизмарк, меѓутоа тој се однесувал со одреден степен на скептицизам во однос на Бизмарковата искреност. Пристапниот говор на Ниче на Универзитетот во Базел бил Хомер и класичната филологија. Ниче, исто така, се сретнал и со Франц Овербехт, професор по теологија, кој станал негов пријател до крајот на животот. Меѓу другото, Ниче се запознал и со неговиот колега, историчарот Јакоб Буркхарт, чии предавања често ги посетувал, а кои имале силно влијание врз него во текот на овој период. Ниче во тоа време ја посетувал и куќата на Вагнер во кантонот Луцерн, по што тие двајца го зацврстиле своето пријателство. Во 1870 година, својот ракопис Создавањето на трагичната идеја Ниче ѝ го подарил на жената на Вагнер. Во 1872 година, Ниче ја објавил својата прва книга, Раѓањето на трагедијата. Меѓутоа, неговите колеги од областа на класичната филологија изразиле негативна критика во однос на ова дело и Ниче се нашол изолиран од страна на филолошката заедница при што неуспешно се обидувал да ја добие нивната наклонетост. Самиот Ниче дава осврт врз ова дело во книгата „Ecce Homo“, објаснувајќи дека првите идеи ги добил за време на неговото учество во Пруско-француската војна, под ѕидините на Мец, додека ги лекувал болните.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 83-90.
Помеѓу 1873 и 1876 година, Ниче објавил четири долги есеи: Давид Штраус: Исповедник и писател, за употреба и злоупотреба на Историја за животот, Шопенхауер како просветител и Рихард Вагнер во Бајројт (Подоцна, овие четири есеи се појавиле под насловот Ненавремени медитации). Есеите се состоеле од критика на културата и развојот на германската култура при што Ниче се движел на линијата на Шопенхауер и Вагнер. Според тврдењето на самиот Ниче, есејот за Вагнер претставува визија за сопствената идина,Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 96. при што во секој важен дел од есејот, тој, всушност, зборува за себе, т.е. секаде името на Вагнер би можело да се замени со Ниче или со Заратустра.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 89. Исто така, Ниче тврди дека во есејот за Шопенхауер, воопшто не станува збор за Шопенхауер како воспитувач, туку спротивно на тоа, за Ниче како воспитувач, зашто во есејот ја запишал својата најдлабока историја, својот постанок, но и го дал својот завет за иднината.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 97-97.
Подоцна, Ниче се оддалечил од Вагнер поради различните мислења околу германската култура и објавил дело кое било критички настроено кон песимистичката филозофија на Вагнер и Шопенхауер. Во тој период, Ниче отпатувал ненадејно во Клингенбрун, во Чешките шуми, каде се задржал неколку недели, извинувајќи му се на Вагнер само со една „фаталистичка телеграма“. За време на своето отсуство, тој западнал во меланхолија и ги презирал Германците „како некаква болест“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 101. Тогаш, Ниче се освестил и го зафатило нетрпение во однос на себе, сфаќајќи дека залудно изгубил десетина години во животот во неплодна научна кариера во која не научил „ништо корисно“. Поради тоа, Ниче одлучил да престане да се занимава со наука и решил дека секој друг живот, дури и поминат во болест или сиромаштија, би бил подобар отколку состојбата во која се нашол „од незнаење, од младост“, а во која подоцна останал да виси од мрзеливост и од таканареченото чувство на должност“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 102-13.