Теодорих III е крал на Франките од Неустрија во 673 и од 675 до 679, потоа крал на сите Франки од 679 до 691.

Животопис

Роден околу 657, последниот син на кралот Хлодовик II и на кралицата Батилда, го наследува својот брат Хлотар III во 673. Неговиот мајордом, Еброин, не направил едногласност кај Франките и избувнала завера против нив двајцата. Теодорих и Еброин биле ошишани и испратени во манастир. Теодорих бил сменет од брат му Хилдерик II, крал на Австразија. Две години подоцна, Хилдерик бил убиен од страна на благородниците.

Враќање на титулата крал

Теодорих бил викнат од манастирот Сен-Дени и бил прогласен за крал на Франките во Сен-Клод. Тогаш и Еброин излегува од неговиот манастир и бара да биде повторно мајордом на Неустрија. Тој го убил мајордомот кој бил на функција и за крал на Австразија го прогласил младиот Хлодовик, синот на починатиот Хлотар III. Гледајќи дека нема доволна поддршка, Еброин се откажува од поддршката што ја давал на Хлодовик III во замена за функцијата мајордом на Неустрија. Теодорих му простил на својот поранешен советник и му дал целосна моќ. Во 678, Теодорих свикал синод на владиците за да му се суди на владиката Леже од Отен кого Еброин го обвинил за убиство на кралот Хилдерик II. Иако немало ниеден доказ против него, владиката бил деградиран од страна на владиците и осуден на смрт од страна на кралот. Во 679, Австразијците кои се побуниле против тиранијата на Еброин биле поразени во Битката кај Боа-ди-Фе. Во 680, со убиството на Еброин се разнишува моќта на Неустрија. Водачот на Австразијците, богатиот Пипин Хересталски тоа го искористува за на функцијата мајордом да го постави својот пријател: Варатон.

Кралот под Пипин Хересталски

По неговата смрт мајордомството се префрлило на неговиот зет Беркер. Овој ги прекинал сите врски со Австразија, и одново и дал независност на Неустрија. Но,Пипин Хересталски не го прифаќа тоа и ги праќа своите трупи против Беркер. Тој го поразил во 687 во Битката кај Тертри. Неустријците се дефинитивно победени. Кралот Теодорих паѓа во рацете на Пипин Хересталски. Овој го лишил од секоја моќ на донесување одлуки. Теодорих умрел неколку години подоцна, во 691. Тој имал 34. Оставил зад себе три сина Хлодовик, Хилдеберт и Хлотар. Го наследил неговиот најстар син Хлодовик.

Брак и деца

Се оженил со Клотилда, ќерка на Ансегизел и света Бега Ланденска.

Тие ги имале децата:

Хлодовик IV, крал (682–695) Хилдеберт III, крал (683–711)

Се оженил со Амалберга (Св. Амалберга) пред 674, ќерка на Вандрегизис и Фарахилда. Веројатно имале ќерка:

Кротлинда, родена околу 670, која се омажила за грофот Ламберт.

И веројатно:

Хлодовик III, крал на Австразија (675–676) Хлотар IV, крал на Австразија (717–719) Бертрада Прумска (676–740)

Извори Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :

- * Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :

Категорија:Меровинзи Категорија:Франкиски кралеви Категорија:Кралеви на Бургундија Категорија:Европски монарси од 7 век Категорија:Французи од 7 век Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Родени во 651 година Категорија:Починати во 691 година