Бајковите гробишта (украински: Байкове кладовище) се познати историски гробишта кои се наоѓаат во Киев, Украина. Гробиштата во употреба се од 1833 година. Овде биле закопани неколку познати Украинци, како Михајло Хрушевски, Лесја Украинка, Владимир Шчербицки и Валериј Лобановски.

Историја

Гробиштата биле основани во 1833 година. Името на гробиштата доаѓа од генералот Бајков. Покрај православни, овде се наоѓаат и католички и лутерански гробови.

Во текот на советската ера, гробиштата станале главна некропола на киевската интелигенција.

Категорија:Гробишта во Киев Категорија:Холосеевски реон