Кишино — село во Општина Лозово.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Сландол, меѓу Брегалница и Вардар. Од градот Велес е оддалечено 14 километри во југоисточен правец.

Историја На крајот на XIX век селото било дел од Штипската Каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 480 Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226. Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 22 жители, Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 2 Албанци и 6 лица без податоци.

Самоуправа и политика Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1709 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бекирлија.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Клисе Једиги — црква од средниот век

Поврзано Овче Поле Општина Лозово Свети Николе

Наводи

Надворешни врски

Сателитска снимка на Кишино на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Светиниколски села Категорија:Села во Општина Лозово