Атанас Калчев (1883 - 1944) — македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација и контрачетник во текот на бугарската окупација на Вардарска Македонија во Втората светска војна.
Животопис
Атанас Калчев е роден околу 1883 година во Кавадарци, тогаш Османлиското Царство, денес Република Македонија. По убиството на српски полицаец влегува во четата на Михаил Шкартов. Од летото 1925 година бил војвода во Тиквеш заедно со Стојан Антов.Баждаров, Ѓорѓи. Моите спомени, Софија, 2001.
За време на Втората светска војна ја поддржува бугарската власт во Вардарска Македонија и ја формира Кавадаречката контрачета, која се бори против партизаните. Во 1943 година неговата контрачета го фатила свештеникот поп Шаќо, при што тој бил безмилосно тепан и измачуван за да ги каже неговите врски со партизаните.Петре Камчевски, „60 години од смртта на илинденецот и делегат на АСНОМ - Јован Ѓелов Поп Шаќо“, „Кав’даречки весник“, број 110, 2 мај 2014, 7 стр. Калчев бил убиен од комунистичките власти во 1944 година.Николов, Борис Ј. Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација. Војводи и раководители (1893-1934). Биографски-библиографски директориум, Софија, 2001, стр 70.
Иван Михајлов напишал за Калчев и Антов:
Наводи
Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Луѓе од Кавадарци Категорија:Бугаромани