Стерјо Кранго познат под псевонимот Дучо (, - , ) — македонски правник, учесник во НОБ и функционер во социјалистичка Македонија.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 754-755 стр.
Животопис Кранго е роден на во Скопје во влашко семејство. Завршил основно училиште и еден клас гимназија, а потоа го изучил електро-водоинсталатерскиот занает. Истовремено завршил и вечерно-стручно продолжено училиште. Работејќи како електро-инсталатерски работник на повеќе места во Скопје и движејќи се во напредна средина станал активен член на УРС-овиот синдикат во синдикалната подружница на металските работници. Како резултат на неговата активност во младинското и синдикалното движење во јуни 1940 година станал кандидат за член на КПЈ, а во август истата година бил примен за член на КПЈ. Во редовите на Партијата го примиле познатите предвоени комунисти и првоборци во НОВ, Даме Крапчев и Благој Давков.
Фашистичката окупација на Македонија го затекнала како член на Месниот комитет на СКОЈ за Скопје, каде што останал до првата половина на јули 1941 година. За тоа време активно учествувал во организирањето на младината за отпор и борба против окупаторот. Потоа од партиската организација добил задача да работи на т.н. Воен сектор. На почетокот учествувал во разни диверзантски акции за собирање и складирање на оружје и друга воена опрема, а на 22 август 1941 година кога бил формиран Првиот скопски партизански одред, станал борец на оваа прва партизанска единица во Македонија. Есента 1941 година во партиската организација во Скопје настанала голема провала. Со неа биле засегнати и затворени некои припадници на Скопскиот партизански одред, меѓу кои и Кранго. Во судскиот процес против поголем членови на КПЈ и припадници на партизанскиот одред што се одржал од 7 април до 9 мај 1942 година, тој бил осуден на смрт со бесење. Меѓутоа подоцна смртната казна му била заменета со доживотна робија. Оваа казна ја издржувал во скопскиот централен затвор и во затворот „Идризово“ крај Скопје. Од затворот Идризово успеал да побегне во познатото големо бегство на политичките затвореници на 29 август 1944 година. Веднаш потоа бил распореден во штабот на Третата македонска ударна бригада за работа во Агит-проп, а подоцна и во штабот на 42. дивизија.
По ослободувањето подолго време работел во ОЗНА, односно УДБА за Македонија и во други органи и организации. Истовремено вонредно го продолжил образованието. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје и како дипломиран правник се посветил на правосудната област.
Автор е на делата „550 дни во ќелијата на смртта“ (1961), „Металците во НОД: сеќавања“ (1980) и „Бугарскиот терор и отпор во скопскиот затвор: сеќавања“ (1986).
Тој е носител на Партизанска споменица од 1941 година и на други воени и мирнодобни одликувања како што се Орден за храброст, Орден за заслуги на народ, Орден на братство и единство и др.
Наводи
Надворешни врски Дучо Кранго, „550 во ќелијата на смртта“
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски Власи Категорија:Југословенски Власи Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Македонски публицисти Категорија:Југословенски публицисти Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Затвореници во Бугарија Категорија:Бугарски затвореници и притвореници