Жалгирис арена () е повеќенаменска арена во Каунас, Литванија, која моментално е во фаза на изградба. Арената се наоѓа на островот на реката се Њемен. Кога ќе биде завршена , оваа арена ќе биде најголемата арена на територијата на Балтикот. Арената е со сместивост од 14,502 седишта за кошаркарски натпревари, 15,160 седишта за концерти.

За домашни натпревари, арената ќа ја користи истоимениот кошаркарски клуб, КК Жалгирис, кој моментално се натпреварува во домашната лига и Евролигата. Планирано е во оваа арена да се одржи плеј-оф и финалето на 37-то Европско првенство во кошарка кое од септември 2011 се одржува ви Литванија.

Поврзано Европско првенство во кошарка 2011

Надворешни врски Официјален портал

Категорија:Спортски зданија во Каунас Категорија:Европско првенство во кошарка 2011