Дамјан Стојановски (роден на во Скопје) — македонски кошарка и репрезентативец, кој моментално настапува во МЗТ Аеродром. Тој игра на позицијата крило. Тој е брат-близнак на кошаркарот Војдан Стојановски и е помлад брат на Огнен Стојановски.

Клупска кариера Стојановски ја започнал кариерата во Вардар од Скопје. Подоцна, во текот на својата кариера, настапувал за АМАК СП од Охрид, со кој во 2009 година го освоил Купот на Македонија каде таму останал сè до распаѓањето на клубот. Потоа Дамјан играл една сезона во Вардар Осигурување, кога со клубот станал вицешампион. Тој го напуштил клубот поради негово распаѓање и одредено време односно две сезони играл за бугарскиот клуб Лукоил Академик, а потоа преминал во МЗТ Аеродром. Со овој клуб, тој бил шампион и освојувач на Купот на Македонија во сезоните 2012/2013 и 2013/2014. Притоа, Дамјан Стојановски бил прогласен за најкорисен играч во финалната серија во сезоната 2013/2014, во која МЗТ Аеродром го победил Работнички со 3:1 во победи.„Дамјан МВП на финалната серија“, Дневник, година XVIII, број 5483, четврток, 5 јуни 2014, стр. 24.

Во февруари 2015 година, Дамјан Стојановски бил прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за 2014 година.„Рајковиќ и Д. Стојановски лауреати за 2014 година“, Утрински весник, година XVI, број 4716, сабота-недела, 21-22 февруари 2015, стр. 18. Поради повредата при репрезентативните обврски во летото 2016, Дамјан ја пропуштил сезоната 2016/17, станувајќи играч без клуб.

Во јуни 2017 година, тој повторно потпишал со МЗТ Аеродром. Во јули 2018 година, Дамјан потпишал двогодишен договор со МЗТ. Дамјан во сезоната 2018/19, го освоил македонското првенство. Во јули 2019 година, била потврдена соработката со МЗТ за сезоната 2019/20. За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој се договорил за нова соработка со МЗТ Аеродром. Неколку дена подоцна, тој официјално го потпишал двогодишниот договор со клубот од Јане Сандански. Во мај, тој го освоил и бил најкорисен играч на Купот на Македонија 2021.

Репрезентативна кариера Дамјан Стојановски е член на кошаркарската репрезентација на Македонија, со која учествувал на четири европски првенства во кошарка: Евробаскет 2009, Евробаскет 2011, Евробаскет 2013 и Евробаскет 2015 година. За време на завршниот турнир 2015 во групната фаза во Загреб - Хрватска, Дамјан бил четвртиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 40 бода на пет натпревари (8 по натпревар).Accumulated Stats eurobasket2015.org Во вториот натпревар за време на квалификациите за Евробаскетот 2017, Дамјан ги скинал лигаментите на десното колено при што морал да отсутвува шест месеци од кошаркарските терени.Дамјан Стојановски шест месеци во аут! ekipa.mk 5 август 2016Дамјан ги скинал лигаментите на коленото! sportmedia.mk 5 август 2016 Дамјан бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021. Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Дамјан. Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.

Успеси

Титули Вардар Куп на Македонија (1) : 2007

АМАК СП Куп на Македонија (1) : 2009

Академик Национална кошаркарска лига (2) : 2010/11, 2011/12 Куп на Бугарија (2) : 2011, 2012

МЗТ Аеродром Прва македонска лига (5) : 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2015/16, 2018/19 Куп на Македонија (5) : 2013, 2014, 2016, 2018, 2021 Суперкуп на Македонија (1) : 2015

Признанија Почесно споменување во сезоната 2007/08 Најкорисен играч на финалето во лигата 2009/10Кавадарчани слават најдобра сезона dnevnik.mk 21 мај 2010 Најдобар домашен кошаркар за 2010 година Eurobasket.com - Најкорисен играч на сезоната 2012/13 Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2013МЗТ Скопје го освои шестиот трофеј во Купот на Македонија basketball.org.mk 31 март 2013 Најкорисен играч на финалето во лигата 2013/14 Eurobasket.com - Почесно споменување во сезоната 2013/14 Најдобар домашен кошаркар за 2014 година Најкорисен играч на финалето во лигата 2015/16 Прва најдобра петорка на сезоната 2015/16 Најдобра домашна петорка на сезоната 2015/16 Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2018 Втора најдобра петорка на сезоната 2017/18 Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18 Најкорисен играч на финалето во лигата 2018/19 Домашен играч на сезоната 2018/19 Прва најдобра петорка на сезоната 2018/19 Најдобра домашна петорка на сезоната 2018/19 Најкорисен играч на сезоната 2019/20 Домашен играч на сезоната 2019/20 Прва најдобра петорка на сезоната 2019/20 Најдобра домашна петорка на сезоната 2019/20 Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2021

Надворешни врски Профил на Дамјан Стојановски на Eurobasket.com

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје