Роми — народ од индоеврoпско потекло. Тие се раселени насекаде низ светот и немаат своја матична држава. Нивниот број е околу 12.000.000 (некои тврдат дека толкава е бројката на Ромите само во Европа). Најмногу ги има во Турција (500.000), Романија (650.000), Шпанија (650.000), Унгарија (205.000), Бугарија (370.000), а ги има низ сите европски држави и во Америка. Ромите говорат на ромски јазик.
Потекло лево|thumb thumb|десно За потеклото на Ромите постојат повеќе теории од кои се вели дека се потомци на стариот народ Дравиди (кој живеел во Пенџаб пред нивното доаѓање во Европа) било во 10 век.
Антрополошки одлики Развојот на Ромите е многу слаб и тие се еден од најнееманципираните, најнеитегрираните и најнеразвиените народи во светот. Обично ромските населби и живеалишта се наоѓаат во руинирана состојба и поради тоа Ромите имаат најкраток животен век од сите европски народи. Поради нивната огромна сиромаштија често владеат и предрасуди врзани за нив. Истовремено, Ромите се најмирољубивиот народ во светот и никогаш против никого не кренале пушка односно никогаш не војувале, биле лојални граѓани на земјата во која што живеат и се бореле во сите војни против непријателот од било која земја да доаѓаат.
Во денешно време Ромите главно се интегрирани во општеството со останатите народи. Има Роми коишто се министри во влада, пратеници во некои европски и светски земји, но најголемиот напредок на Ромите во последните години е во делот на образованието на коишто има студенти во многу факултети низ сите европски земји.
Култура Интересно како податок за нив е да се спомене дека Ромите се „урбано“ население. Во Република Македонија, 96% од вкупното ромско население живее во градовите. Притоа, тие обично сакаат да бидат сместени односно нивните живеалишта да бидат најблиску до центарот на градот во коишто живеат.
Ромите како тема во уметноста и во популарната култура Ромите како тема во книжевноста „Цигански предзори“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 34. „Циганка“ - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 99-100. „Циганот го фали својот коњ“ (српски: Циганин хвали свога коња) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 191-194.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 107-109. „Песна на циганската сигирија“ - циклус песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 15-21. „Цигански романсеро“ (шпански: Romancero gitano) - поетска збирка на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка од 1928 година.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982. „Санаториумска балада“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 26-27. „Белото Циганче“ - роман на македонскиот писател Видое Подгорец. „Циганска заспивалка“ — песна на Видое Подгорец.Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 50. „Циганка“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 522. „Цигански валцер на гитара“ - песна на рускиот поет Иљја Сељвински од 1922 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 197-198. „Скаменети Цигани“ (српски: Okamenjeni Cigani) - расказ на српскиот писател Бранко Ќопиќ.Branko Ćopić, Parohija tužnoga đavola. Beograd: Rad, 1964.
Ромите како тема во народната книжевност „Циганот како сведок“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 51. „Циганот станал султан“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 60. „Итриот Циганин“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 58. „Циганот и газдата“ (Циганин и властелин) - српска народна приказна.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 389-390. „Невестата и Циганот“ (Млада и Циганин) - српска народна приказна.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 423. „Како Циганот го научил коњот да гладува“ (Како Циганин научи коња гладовати) - српска народна приказна.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 428. „Циганче, па Циганче!“ - српска народна приказна.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 421.
Ромите како тема во музиката „Циганскиот град Средорек“ (анлгиски: Gipsy Town Sredorek) - песна на македонскиот музичар Бодан Арсовски.YouTube, Bodan Arsovski Gipsy Town Sredorek (посетена на 27 ноември 2019) Циганска група“ (англиски: Band of Gypsies) - албум на истоимената американска рок-група од 1970 година.Џими Хендрикс - официјално мрежно место (пристапено на 3 септември 2016) „Циганско реге“ (англиски: Gypsy Reggae) - песна на Горан Бреговиќ од 1993 година.DISCOGS, Goran Bregović – Arizona Dream (Original Motion Picture Soundtrack) (пристапено на 19.8.2020) „Циганка“ (англиски: Gypsy Woman) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Waters).Muddy Waters – The Anthology (пристапено на 1.4.2023) „Јавачот-Циганин“ (англиски: Gypsy Rider) - песна на американскиот рок-музичар Џин Кларк (Gene Clarke).YouTube, Gene Clark - Gypsy Rider (пристапено на 22.3.2017) „Циганин“ (хрватски: Cigan) - песна на хрватската рок-група Мајке (Majke) од 1996 година.YouTube, Cigan (Remastered) (пристапено на 12.1.2021) „Циганка“ (англиски: Gypsy Woman) — песна на американскиот соул-музичар Куртис Мејфилд (Curtis Mayfield).YouTube, Curtis Mayfield - Gypsy Woman (пристапено на 19.2.2019) „Циганска крв“ (англиски: Gypsy Blood) - песна на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.DISCOGS Graham Parker And The Rumour – Howlin Wind (пристапено на 24.12.2017) „Циганка“ (англиски: Gypsy) - песна на рок-групата Флитвуд Мек (Fleetwood Mac) од 1982 година.YouTube, Fleetwood Mac - Gypsy (Official Music Video) (пристапено на 26 февруари 2019) „Цигански очи“ (англиски: Gypsy eyes) - песна на рок-групата Џими Хендрикс Експириенс (The Jimi Hendrix Experience) од 1970 година.The Jimi Hendrix Experience, Electric Ladyland, Experience Hendrix, MCD 11600, 1997.
Ромите како тема во филмот и во телевизијата „Циганка“ - југословенски филм во режија на Војислав Нановиќ.РТС, Циганка - филм (пристапено на 20 октомври 2019) „Циганки“ - мексиканско-американска телевизиска серија. „Циган“ (Cigano) - краток филм на режисерот Давид Боневил од 2013 година.Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 73.
Религија мини|десно|Христијани Роми за време на поклонение во Сент-Мари-де-ла-Мер во Франција, во 1980-тите години. Најголемиот дел од Ромите се христијани, додека помал број се муслимани и хиндуси.
Ромите во Западна Европа и САД се претежно римокатолици и протестанти.
Најголем број на православни Роми живеат во: Србија, Романија, Грција и Бугарија.
Ромите кои живеат во: Турција, Босна и Херцеговина, Албанија, Египет, Косово и Македонија претежно се муслимани.
Исламизацијата на Ромите на Балканот се случила за време на Османлиското владеење. Според пописот од 1523 година, на Балканот живееле 66.000 Роми, од кои 47.000 биле христијани.
Наводи
Поврзано Ромите во Македонија
* Категорија:Индоевропски народи Категорија:Индоариски народи