Чифлик — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Негревска Река низ селото
Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од самиот град Пехчево. Селото е сместено на регионалниот пат Берово-Пехчево-Делчево. Селото е рамничарско, на надморска височина од 900 метри.
Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 442 хектари, на пасиштата отпаѓаат 258 хектари, а на шумите 116 хектари.
Историја
Во XIX век, Чифлик било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втроата светска војна.
Стопанство
Селото, во основа, има полјоделска функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Чифлик имало 357 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 464 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Селото во 1961 година броело 493 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 362 жители, од кои 359 биле Македонци и 3 Срби.
Според пописот од 2002 година, во селото Чифлик живееле 321 жител, од кои 319 Македонци и 2 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 216 жители, од кои 213 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 1 лице без податоци.
Општествени установи
Основно училиште „Ванчо Китанов“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево Амбуланта Дом на културата Месна заедница
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Градска општина Пехчево, во која влегувале градот Пехчево и селата Негрево и Чифлик.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Чифлик се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Црник.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0025 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 206 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква со нејзината камбанарија
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Во Селото — гроб од старохристијанското време; Градиште — населба од железното време и средниот век; Преслап — могила од римското време; Света Петка — старохристијанска црква; Скалата — старохристијанска црква; и Тумба — могила од римското време.
Цркви Црква „Св. Јован Богослов“ — главна селска црква
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Пехчевски села Категорија:Села во Општина Пехчево