Саса — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.

Географија и местоположба Саса се наоѓа во областа Осоговија, во северниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 700 до 1.340 м. Селскиот атар зафаќа површина од 56,1 км2. Со својата површина, атарот зафаќа голем дел од долината по течението на Каменичка Река, вклучувајќи ги и нејзините извори во Осоговските Планини.

Маалата во селото се познати како: Мачкарска Маала, Черовци, Протоѓерци, Шебовска Маала, Додевци, Требешка Маала, Деровци, Портарци, Аџиска Маала, Капетанска Маала, Литовци, Рамни Дол, Букоровенци, Ризанци, Трканица, Гујновци, Сарафатска Маала, Саратска Маала, Возарци, Борчето и Тораница.

Историја Саса како населено место води потекло многу одамна. Во средниот век, германското рударско племе Саси (Трансилвански Саксонци) започнале коп на руда и основале населба од каде што денеска потекнува и името на самото село. Денешниот рудник потекнува од XVII век.

Вкупно 11 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите преовладуваат на површина од 2.565 ха, на пасишта отпаѓаат 1.782 ха, а обработливото земјиште е на површина од 960 ха.

Рударство Стопанска гранка од особено значење во селото е рударството. Во неговиот атар се сместени рудниците Саса и Тораница од коишто се ископува олово и цинк. За потребите на рудникот Саса било изградено и истоименото јаловиште.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Саса живееле 730 жители, од кои 700 Македонци и 30 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900 стр. 227. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Саса имало 558 жители, од кои 552 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 6 Роми.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 950 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Саса живеат 876 жители, од кои 874 Македонци и 2 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 501 жител, од кои 418 Македонци, 4 останати и 79 лица без податоци.

Општествени установи

мини|десно|200п|Аџиска Маала

Во селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има амбуланта и услужни објекти.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина.

Во XIX век, селото било дел од Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Избирачко место Во селото постојат избирачките места бр. 615 и 616 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.

Културни и природни знаменитости мини|десно|200п|Саскиот манастир Археолошки наоѓалишта Балташтица — топилница од средниот век; Градиште — градиште од доцноантичко време; Јагодинска Река — топилница од средниот век; Конарник — црква од старохристијанско време; Маден — топилница од средниот век; Манастириште — црква од средниот век; Петрова Река — топилница од средниот век; Свиња Река — топилница од средниот век; Ќеровица — населба од доцноантичко време.

Манастири Саски манастир.

Реки Каменичка Река.

Споменици Споменик на Вера Јоциќ.

Цркви Црква „Св. Архангел Михаил — манастирска црква.

Личности Родени во Саса Соња Стаменкова (р. 1968) — политичарка и градоначалничка на Општина Македонска Каменица.

Починати во Саса Дончо Ангелов (1884 — 1921) — македонски револуционер; Вера Јоциќ (1923 — 1944) — југословенска партизанка.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Македонска Каменица Категорија:Саксонци