Патонскиот мост (украински: Міст Патона) е мост се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Мостот минува преку реката Днепар, а е именуван според нејзиниот градител, Евгениј Патон.
Овој мост бил изграден во периодот од 1941 до 1953 година, и е најголемиот во Украина со должина од 1.543 метри или 5.062 стапки. Официјално бил отворен на 5 ноември 1953 година. По неговото отворање, мостот немал некои поголеми обнови до 1968 година, кога биле поставени огради од двете страни, бил обележан пешачкиот и автомобилскиот сообраќај. Во 1976 година се сметало дека мостот нема да може да издржи, бидејќи бил дизајниран за околу 10.000 возила на ден. Сепак, резултатите покажале дека мостот е способен да издржи и до 70.000 возила дневно.
Во 2004 година, мостот претрпел голема реконструкција. Истата година престанал да постои трамвајскиот сообраќај покрај мостот, а биле додадени дополнителни ленти преку кои бил регулиран големиот метеж по мостот. Денеска, мостот е поделен на седум патеки. Од 1 февруари 2008 година, по иницијатива на Министерството за транспорт на Украина, на мостот било додадено дополнително осветлување. Во 2009 и 2010 година, мостот бил повторно реновиран.
Кон крајот на 2011 година, мостот треба да започне со нова реконструкција.
Категорија:Мостови во Киев Категорија:Архитектура од 20 век