Свети великомаченик Димитриј Солунски претставува православна црква во Битола. Административно припаѓа на Битолското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Оваа црква изградена е во 1830 година, а камбанаријата е изградена во 1936 година. Градена е во форма на трибродна базилика, со странични галерии. Целиот иконостас е изработен во позлатена резба од вештите раце на засега непозната резбарска тајфа, но сигурно составена од македонски мајстори. Во 2005 година, конзерваторите од Битолскиот завод и музеј и Заводот за заштита на спомениците на културата откриле дотогаш непозната фреска со претстава на Исус Седржител. Фреската е на централниот дел од сводот на црквата кој повеќе од еден век бил покриен со црнила од горењето на свеќи, така што долго време вредните историски уникати биле непознати.

Галерија

Наводи

Поврзано Црква „Св. Богородица“, Црква „Св. Недела“ - основана и издигната на 13 октомври 1863 година, Црква „Св. Пантелејмон“; Црква „Собор на сите македонски светители“ - во изградба, најголема црква во Македонија и на Балканот; Црква „Св. Атанасиј“ - започната во 2007 година; Црква „Св. Архангел Гаврил“ - манастирска црква. Се наоѓа во населбата Довлеџик; Црква „Св. 40 Севастиски маченици“ - манастирска црква. Се наоѓа во населбата Кркардаш; Црква „Св. Јован Крстител“ - манастирска црква; Црква „Св. Петка“; Црква „Св. Наум Охридски“; Црква „Св. Троица“; Црква „Св. Петар и Павле“; Црква „Св. Ана“ - се наоѓа во населбата Бадембалари; Црква „Св. Никола“ - се наоѓа кај комплексот згради Грозд; Црква „Св. Александар Солунски“ - гробјанска црква. Се наоѓа на Светонеделските гробишта; Црква „Св. Архангел Михаил“ - манастирска црква; Црква „Св. Константин и Елена“; Црква „Св. Ѓорѓи“; Црква „Св. Никола“ - се наоѓа во населбата Боримечка;

Надворешни врски

Битола Категорија:Цркви во Битола Категорија:Катедрали во Македонија Категорија:Дела на Дебарската школа