Вилхелм II (германски: Wilhelm II; 27 јануари 1859 — 4 јуни 1941) — последниот цар (Kaiser) на Германија и последен крал на Прусија. Владеел од 1888 до 1918 година.
Животопис Неговото целосно име било Фридрих Вилхелм Виктор Алберт Пруски (). Припаѓал на германската кралска династија Хоенцолерн. Неговиот татко бил Фридрих III кој владеел само неколку месеци во 1888 по смртта на својот татко Вилхелм I. Мајка му била Викторија, најстарата ќерка на британската кралица Викторија, па бил близок роднина со руската царица Александра.
Левата рака му била делумно парализирана поради повреда која ја имал при раѓањето.
Водел милитаристичка политика, ја унапредил воената индустријата, морнарицаа и го охрабрил освојувањето на прекуморските територии ().
Во Првата светска војна бил главно командант на германската војска, во сојузништво со Австроунгарија. Пред крајот на војната се одлучил за капитулација, но абдицирал текот под притисок на 9 ноември 1918. Наредниот ден заминал за Холандија, каде што побарал и добил азил и тука го поминал остатокот од животот.
Поврзано Причини за избувнување на Првата светска војна Мароканска криза Спомен-црква на царот Вилхелм
Категорија:Хоенцолерни Категорија:Германци од Првата светска војна Категорија:Германски цареви Категорија:Кралеви на Прусија Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (воен) Категорија:Луѓе од Берлин Категорија:Родени во 1859 година Категорија:Починати во 1941 година Категорија:Носители на Големиот крст на Железниот крст