Дрво е бронзена скулптура кој птетставува симбиоза на дрво и човек. Таа е дело на авторот Дамјан Ѓуров, и е дел од проектот на Министерството за култура за разубавување на центарот на Скопје со 35 скулптури од 26 автори. .

Скулптурата е изработена за помалку од шест месеци. Висока е шест метри и изработена е од бронза и мермер. Според авторот за неа има неколку концепти како што се човек дрво, човек како размислува и како би се чувствувал во природа, некое астрално чувство или некоја негова аура.

„Дрво“ е сместена до скулптурата „Заљубени“ од Димитар Филиповски, и е една од четирите скулптури што биле промовирани на 18 јануари 2009.

Наводи

Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Дела на Дамјан Ѓуров Категорија:Македонски дела од 2009 година